Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг за украинската криза: Подготвени сме и за дијалог и за конфликт

0
By Sashko on January 28, 2022 СВЕТ
фото: НАТО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 28, 2022 17:42

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој беше гостин на Атлантскиот совет во Вашингтон каде зборуваше за украинската криза, порача дека Алијансата е подготвена да ги продолжи разговорите со Москва, но и во случај на руска инвазија на Украина, јави „Ал Џезира“.

Столтенберг нагласи дека војниците на НАТО нема да влезат на украинска територија во случај на агресија, бидејќи таа земја не е членка на Алијансата, но дека би помогнале на други начини.

Тој додаде дека тоа, пред сè, би значело зајакнување на военото присуство на НАТО на границите на Русија во земјите членки, односно на Балтикот, во Полска, во Романија и во Бугарија, со воведување строги санкции кон Русија и испраќање воена опрема во Украина.

Столтенберг, за кого ова беше прво појавување во јавноста откако НАТО, заедно со САД, одговори на барањата на Русија, вели дека целта е да се избегне конфликт, но дека сите членки на НАТО се подготвени да се спротивстават на Русија. Тој истакна дека украинската армија сега е многу посилна и подобро вооружена отколку во претходниот период, пренесува „Ал Џезира“ од Вашингтон.

Генералниот секретар на НАТО рече и дека Русија во моментот сака да разговара, но истовремено ги зајакнува своите воени сили, особено во Белорусија, која граничи и со Украина.

Не можеме да бидеме сигурни кои се плановите на Русија, затоа мора да бидеме подготвени за разговор, но и за воен конфликт. Подготвени сме и за најдоброто и за најлошото. Имаме подготвени 40.000 војници, од кои 5.000 се сили за брз одговор, рече Столтенберг.

Доколку Русија, на кој било начин, вклучително и кибернетички, нападне една земја членка на НАТО, Алијансата ќе одговори на тој напад, што значи и воено.

Сите за еден, еден за сите – тоа е нашата доктрина, порача генералниот секретар на НАТО, кој зборуваше и за тоа дали сите сојузници ќе бидат на иста линија.

Столтенберг рече дека најважно е САД и Европа да бидат заедно.

„Заедно покриваме 50 отсто од воените сили во светот. Нашите врати се отворени за секој што сака да биде дел од Алијансата, но никогаш нема да присилиме никого да се приклучи на НАТО“, истакна Столтенберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.