Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Стоп за извршители“: Да се прекине со блокирање на сметки и ветинг за извршителите

0
By Нова ТВ on December 17, 2019 ПОЛИТИКА
Фото: alsat-m.tv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се прекине со блокирање на сметките, тоа не е законски и уставно и спротивно е на Декларацијата за човекови права. Сите закони кои сега ќе ги донесат надлежните треба да бидат ретроактивни и да има ветинг за извршителите, побараа денеска од неформалната организација „Стоп за извршителите“, која пред Министерството за правда организира мирен протест против Законот за извршување. Организаторите посочија дека денеска биле примени на средба со заменик–министерот за правда, Оливер Ристовски и им било кажано дека заедно со Министерството за финансии и Народната банка ќе направат луѓето да плаќаат помалку пари за деблокада на сметките.

„Ни одговорија дека работат на член во Законот за облигациони односи дека главницата и каматата не смеат да бидат еден спрема десет, туку еден спрема еден. Значи ако должите илјада денари, каматата не смее да надмине илјада денари односно да платите вкупно две илјади денари. Кажаа дека периодот на извршување кој беше и сега е десет години, ќе се намали на две години. Но, велиме ако е така веќе имаме разни долгови кои се стари по девет-десет години и овие две години многу работа нема да завршат. Сепак, се што прават е поместување, не можам да кажам дека нема помрднување од мртва точка. Имаат волја во овие две недели да направат нешто“, изјави Ана Глигорова од организацијата „Стоп за извршителите“.

Таа посочи дека самиот чин на блокирање поединец, на физичко лице е кривично дело, бидејќи го доведуваат во животозагрозувачка состојба.

„Никаде го нема тоа, за мал долг од 500, 600 денари на човек да му блокираш сметка со плата на пример во петок попладне. Тој човек ќе остане буквално без основни средства за живот и се доведува во животозагрозувачка состојба“, додаде Глигорова.

Драган Колевски од Скопје побара да има ветинг за извршителите. Колку и да не чинеше минатата Влада покажаа доблест, имаше акција за отпис на долгови, како што има во Србија, во Хрватска. Оваа Влада треба да има доблест за многу поголем отпис на долгови. Верувам ќе се најде решение, додаде Колевски.

блокада ветинг извршители сметки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.