Published: Sunday, May 1, 2016 18:56
Стотина мигранти се водат како исчезнати од петокот по два бродоломи во водите на Либија.
Во петокот еден мал чамец со 120 лица потона набргу откако ги напуштил водите на Либија. Според портпаролот на Високиот комесаријат за бегалци 15 лица се водат како исчезнати. Лицата доаѓале од Нигерија, Гвинеја и Судан. Осум лица се спасени и транспортирани во Сицилија во болница.
Истиот ден во слични услови 84 лица исчезнале во Медитеранот. Како и во другите несреќи од овој тип, преживеаните – 26 лица од кои 4 жени и 5 деца – им јавиле на властите за несреќата. Од лицата кои успеале да се спасат некои се во сериозно тешка состојба.
Од почетокот на годината 1.200 лица загинаа на нивниот мигрантски пат.




