Главниот стратег на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон ја засили војната што новата администрација за отвори со медиумите, нарекувајќи ги „опозициска партија“ и сугерирајќи им да „замолчат“.
-Медиумите треба да бидат засрамени и понижени и да замолчат и само да слушаат, изјави Бенон во едно до ретките интервјуа што ги дава, овој пат за Њујорк Тајмс, објавено во средата.
Би сакал да го цитирате ова, вели Бенон за весникот. „Медиумите тука се опозициска партија. Тие не ја разбираат ова земја. Тие се уште не разбираат зошто Доналд Трамп е претседател на САД“.
Изјавите на десничaрскиот популист и поранешен извршен директор на ексцентричниот сајт Бреитбарт се случуваат во време на прилично затегнати односи односите меѓу администрацијата на Трамп и медиумите.
Претставници на повеќе медиуми се уверени дека Белата куќа на Трамп манипулира со податоци и информации, како што беше за бројот на присутните на неговата инаугурација.
Членовите на администрацијата на Трамп пак, ги обвинија медиумите дека се однесуваат нефер кон новиот претседател посочувајќи извештај кој според нив не соодветствува со реалноста. Група новинари му напишаа и отворено писмо во кое му порачаа дека правилата за информирање ги поставуваат тие, а не тој.




