НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стратешкиот совет на МНР: Непредвидливоста главна карактеристика на меѓународен план, како држава можеме превентивно да делуваме

0
By Ivana on September 3, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тоа што се случува во Авганистан, но и сите други геополитички поместувања покажуваат дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план

Исправна е одлуката да се прими првата група на лицата кои имаат потреба од хуманитарна заштита, бидејќи сме членка на НАТО и е важно во исцртување на нашата меѓународна позиција. Сепак, постои можност за појава на нелегална миграција и опасност од криумчарење, па контролата ќе мора значително да се зголеми.

Ова беше заклучокот од денешната тематска дискусија која министерот за надворешни работи Бујар Османи ја водеше заедно со членовите на Стратешкиот совет на МНР, а е поврзана со случувањата во Авганистан, комплексноста и далекусежноста на импликациите предизвикани од оваа криза, кои би се рефлектирале и врз нашата земја.

Министерот Османи на дискусијата потсети дека веќе е пристигната првата група на цивили од Авганистан а се очекува во наредните денови да пристигне и друга група. Ова, како што рече, е дел од нашата солидарност меѓутоа и нашиот придонес во ваква заштита, имајќи ја в предвид и хуманата дејност.

– Досега имаме дадено согласност на 750 барања, пред сè на меѓународни организации кои работеле со нас. Кога велам „нас“, мислам на НАТО, затоа што ние сме сега НАТО, и децата и жени во Авганистан чии живот не по нивна вина беа загрозени, ние одлучивме да одобриме 750 барања за привремено згрижување во нашата држава, сè додека не се процесуираат нивните документи. Првата група пристигна, очекуваме во наредните денови да пристигне и другата, рече Османи.

Тој напомена дека тоа што се случува во Авганистан, но и генерално сите геополитички поместувања покажува дека непредвидливоста останува главна карактеристика на меѓународен план, а како што рече, непредвидливоста носи голем број на кризи.

– Дали се тоа можни хуманитарни кризи дали се тоа бегалски бранови, дали се мигрантски текови, дали се терористички закани, дали е тоа насилен екстремизам. Но сè се тоа потенцијални можни кризи кои можат да излезат како резултат од оваа непредвидливост и несигурност поради овие геополитички процеси. И мислам дека државата треба да се постави во смисла на дефинирање на едно стратешко антиципирање и зголемена хибридност за да може да одговори на овие предизвици, додаде Османи.

Тој посочи дека можеби не сме голема и моќна држава за да влијаеме на тие текови, но сме една од 30 членки на НАТО и следни претседавачи на ОБСЕ, затоа смета дека имаме многу што да придонесеме во тој дел, но се разбира и превентивно да делуваме во смисла на регионалната и националната безбедност.

Поранешниот амбасадор во НАТО и универзитетски професор, Нано Ружин во своето обраќање истакна дека често се прават одредени грешки и треба да се разликува меѓу регуларните бегалци, овие 125.000 кои од Кабул беа пренесени кон останатите земји и оние кои нерегуларно излегуваат од земјите.

Тој посочи дека од друга страна Талибанците имаат околу 10.000 евра во банките во САД, што дава можност на одреден начин да бидат веднаш дисциплинирани ако почнат грубо да нарушуваат права или убиваат масовно.

Ана Крстиновска посочи дека едно од најсериозните прашања за кои во моментов државата треба да размислува не е само мигрантската криза, туку и десетгодишната стратегија.

– Ние имаме искуство со примање бегалци уште од Косовската криза па наваму, меѓутоа имам впечаток дека и покрај 2015 година, кога бевме една од транзитните земји, немаме нешто многу научено во однос на тој стратешки пристап. Државата подготвува на секој пет години, резолуција за мигрантска политика што ја усвојува Собранието меѓутоа тоа е документ што останува во голема мера на хартија и нема некои, според мене практични импликации во однос на креирањето политики. Мислам дека ова е моментот кога тоа треба да се промени, истакна таа на денешната дебата.

Културниот шок што треба да се разбере, Ризван Сулејмани вели дека е пораката што ја даде претседателот на САД, Џо Бајден кој истакна дека заврши една ера, каде што САД и Европа се носители на една идеја на либерализмот и либералната демократија што ќе може да се применува секаде.

Според Сулејмани, тоа покажа дека не сите културни средини и религиозни средини се спремни таа вредност да ја прифатат и тоа е завршеток на една ера и една нова ера што следи.

– Додека зборуваме за „Стратегијата 2030“, треба да дадеме објаснување на што треба да се заснова таа. Според мене, таа стратегија во нови околности во кои ќе треба да научиме да живееме, ја содржи пораката од конференцијата во Охрид. Прва и најважна работа е општ консензус, дали државата ни е пред сè. За да тоа опстане, симболот на внатрешната кохезија е Охридскиот рамковен договор. За да бидеме имунизирани од надворешни влијанија мора да го заштитиме првиот круг, а тоа се соседите што на некој значи симболично го означивме со Преспанскиот договор. И конечно четвртиот круг треба да биде тоа што сме дел од НАТО и ЕУ, за да се справиме со сили за кои ние немаме капацитет како држава, истакна Ризван Сулејмани.

Тој напомена дека ќе се зголемува и притисокот на нелегална миграција, тоа значи, дека имаме опасност од криумчарење и од притисок преку нелегалните форми на нелегална миграција. Со нелегалната миграција, како што рече, рака под рака секогаш оди и организираниот криминал, и сето она што го прави ова толку опасно од безбедносни аспекти, што значи дека таа контрола што треба да ја воведеме ќе мора значително да се зголеми.

Состанокот е продолжение на серијата настани во рамки на проектот на Министерството за надворешни работи, „Рефлексија 2030“, чија крајна цел е изработка на долгорочна Стратегија за надворешна политика.

ЕУ МНР НАТО
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.