Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страв и паника во Волгоград

0
By Нова ТВ on December 31, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 31, 2013 09:02

По вториот терористички напад за 24 часа во Волгоград, се огласија и експертите. Тие сметаат дека овие напади се всушност одмазда за ликвидирањето на предводниците на терористичките групи, jaвува Руска реч

Според првичните резултати, а како резултат на вториот терористички напад за едно деноноќие во Волгоград, загинале 14 лица, неколку десетици се повредени. Претходниот ден, пак, на железничка станица се случи уште една експлозија во која загинаа 17, а повредени беа 40 лица.

Последниот напад се случи во тролејбус полн со патници кои патувале од едно предградие на Волгоград до центарот на градот. Експлозијата целосно го уништи на тролејбусот, а беа скршени и прозорците на соседните куќи.

Локалните власти објавија дека 14 лица се мртви, но се додава дека бројот би можел да се зголеми. Министерството за здравство обелодени дека 28 луѓе се повредени. Повредено е едно шестмесечно бебе, а лекарите велат дека тоа се наоѓа во критична состојба.

Според прелиминарните податоци, нападот не е сторен од страна на бомбаш-самоубиец. Експлозивната направа била поставена во средината на кабината и била активирана со далечински управувач.
„Ја напуштив куќата и слушнав силен тресок и луѓе како врескаa. Најпрво не сфатив дека тоа е тролејбус. Беше толку многу оштетен, целосно разнесен“, изјави еден локален жител за РИА Новости.
Локалните власти изјави дека експлозивот кој беше искористен при терористичкиот напада на железничката станица на 29 декември бил со јачина од 10 ТНТ. Тој усмрти 17 луѓе, а беа повредени повеќе од 40.

„ Експлозијата беше толку силна, што нашата зграда се стресе, а ние помисливме дека кај нас се случила експлозијата, – вели вработена во една продавница која се наоѓа во предниот дел на станицата.. – Излеговме на улица, гледаме – на железничката. На главниот влез на скалите лежеа луѓе, експлозијата ги беше искршила сите стакла од зградата, а од прозорците од вториот кат во централниот дел каде се наоѓаа скулптурите излегуваше црн чад.“

Во првичните извештаи се велеше дека експлозијата била поставена од страна на бомбаш-самоубиец, а во некои извештаи се велеше дека станува збор за лице од женски пол. Подоцна, комитетот за истрага објави дека нападот би можело да е извршен од страна на машко лице.

Волгоград се наоѓа во јужниот дел на Русија, на речиси 700 километри од Сочи, местото каде ќе се одржат годинашниве зимски Олимписки игри. Игрите се закажани за почетокот на февруари.

Денешнава експлозија е трет терористички напад за два месеци. На 21 октомври терористка-самоубиец разнесе патнички автобус, при што загинаа седум, а беа повредени 37 лица.

Серијата напади ги зголеми стравувањата дека исламските милитанти од рускиот немирен северен Кавказ сакаат да го спречат спроведувањето на зимската Олимпијада.

Претседателот на Руската унија за безбедност Сергеј Гончаров во едно интервју за RBTH рече дека нападите во Волгоград најверојатно се случуваат бидејќи локалните официјални претставници се фокусираат на борбата за власт наместо на антитерористичките мерки во регионот.

„По првата експлозија во автобус, безбедносните сили ги пронајдоа и ги ликвидираа сите организатори, па нови напади изгледаат повеќе како одмазда и обид да се докаже дека милитантите сè уште можат да дејствуваат“, изјави Гончаров.

Гончаров, кој воедно е и претседател на Здружението на ветераните на единицата за антитероризам „Алфа“, која во Русија е елитна антитерористичка единица, додаде дека е малку веројатно дека најновите терористички напади се поврзани со Олимписките игри, бидејќи има повеќе од еден месец до почетокот на Олимпијадата.

Политичкиот аналитичар на радиото „Гласот на Русија“Дмитриј Бабич се согласи и рече дека нападите најверојатно се поврзани со новогодишните празници.

„За исламисти, Новата година е најништожен празник“, вели тој. „Постојат две причини: тие сметаат дека овој празник е пагански и оти ги сплотува сите луѓе од поранешниот Советски Сојуз, вклучувајќи ги и муслиманите“.

Бабич вели дека верува оти нападите во Волгоград нема да имаат влијание врз политичката ситуација во земјата.

„Поради природата на нашата политика и општество, ваквите напади не се толку важни како оние на Запад. Можеш да убиеш 100 или 200 луѓе во Москва, но нема промена во политиката кон Северен Кавказ или кон терористите“, вели тој. „[Рускиот претседател Владимир] Путин не ја менува оваа политика, дури и под влијание на најсмртоносните терористички напади. Оваа политика е слична на израелската“.

Бабич додаде дека сега безбедноста во Сочи ќе биде зголемена, а секој обид за напад „многу скапо ќе ги чини исламистите“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.