Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Страв од „македонизирање“ на Бугарија

0
By Нова ТВ on May 22, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јане Јанев, пратеник во бугарското Собрание од Благоевград, ја обвини партијата на Турците во Бугарија, Движење за правата и слободите (ДПС), дека продолжува да зафаќа територии, како и дека ја продолжува најопасната тенденција на Балканот, во Источна Европа – да муслиманизира еднородни бугарски територии, а пренесе агенцијата „Крос“.

Како пример за ова тој ја користи Македонија.

– ДПС веќе загради нова територија. Во Софија има народни претставници во 23-иот, 24-иот и 25-иот изборен реон, во кои има повеќе мандати. Со тоа ДПС сака да ја македонизира Бугарија. Онака, како што во Македонија и особено во главниот град Скопје, има заградени територии – левиот брег на Вардар е целосно заграден. Во моментот, кога бугарскиот квартал, кварталот Чаир по левиот брег на Вардар, уште во текот на 1941-та година, беше преземен од радикални муслимански групи, притисокот се случи, но беше воочен доцна. Првин албански партии, една, две, три, а пoдоцна и албански јазик за втор официјален јазик.

Јанев смета дека целта на ДПС јасно е искажана од парламентарната говорница: неколку недели пред парламентарните избори, тие сакаа да можат да вршат агитација на мајчин јазик.

– Прикриената цел, неискажаната цел на ДПС, е уште на изборите за Европскиот парламент да воведат агитација на мајчиниот јазик, односно да може на турски да се агитира во Софија. Тоа им е целта. Во моентот кога ќе ја добијат и ќе ја остварат својата цел следната стапка е да го направат истото она што го направија во Скопје. Прекрстија училиште „Никола Јонков Вапцаров“ во „Јашар Бег“, прекрстија училиште „Јане Сандански“ во „Хасан Приштина“. Тоа е големата цел на ДПС, затоа толку време се говори за џамија во Софија, за муслимански центар во Софија, затоа ги презедоа тие дејства кои сега се факт. Доаѓа нова пропаст и потешки времиња за државата – смета тој. (Фотографија: Булфото)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.