Published: Wednesday, December 9, 2015 10:13
Претставничкиот дом на Американскиот Конгрес со мнозинство одлучи да ги заостри ограничувањата за влез во САД за државјани од 38 земји, кои досега влегуваа без визи.
Ова е втора значајна мерка во врска со безбедноста што овој Дом ја усвојува по нападите во Париз на 13 ноември.
Меѓу 38-те земји се наоѓаат и Белгија иФранција, на чии државјани не им требаа визи за САД, но се најдоа на оваа листа бидејќи најголем дел од терористите од Париз се токму од овие две земји.
Според усвоената мерка, визи за влез во САД им се потребни на сите што изминативе пет години биле во Ирак или Сирија.




