Посочувајќи ги последните студентски избори како нелегитимни и посебно интервенирањето на ЕБРД врз Студентскиот пленум , претставници на ова Студентско организнирање за 28 септември најавија необрзувачки студентски референдум.

Како што велат претставниците на Пленумот, за нив и натаму останува приоритет решавањето статусот на Студентскиот Парламент при Универизтетото „Кирил и Методиј“, во однос на тоа дали и понатаму да биде невладината организација или да биде во склоп на УКИМ.

На референдумот ќе се гласа на сите 23 факултети при УКИМ, а студентските изборни комисии ќе бидат составени од волонтери. Прашањето на кое ќе се одговара со ДА и НЕ гласи: „Дали СПУКМ треба да остане невладина организација или дел од УКИМ“.

Студентите од Пленумот најавија дека пред самиот референдум ќе следат информативни кампањи.

Во понеделник на Правниот факултет ќе биде организирана јавна дебата на која се поканети сите студенти при УКИМ, за подобро да се информираат пред да гласаат.

Пленумот потенцира дека СПУКМ и натаму останува нелегитимен претставник на студентите, а последните избори се неважечки.

Како што неодамна објави НОВА и покрај тоа што адвокатот на СПУКМ Иван Живковски потренцираше дека со ќе поднесе тужби против претставници на Пленумот тие досега не добиле ниту известување.