Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Живковски: Со Студентски пленум ќе се видиме на суд

1
By Влатко Чаловски on September 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 13, 2016 15:56

Според правниот застапник на Студентскиот парламент на УКИМ (СПУКМ), Иван Живковски, реакциите на Студентскиот пленум за изземање на претседателката на Комисијата за измена на Статутот за студентско организирање, професорката Родна Живковска, се обид за шиканирање во јавноста и апсолутно нема никаков непотизам во нејзините предлози кога се работи за СПУКМ.

– Каков став има мојата мајка која е избрана од Универзитетскиот Сенат да биде претседател на Комисијата за измена на Статутот за студентско организирање, и она што го предлага, е сигурно во законските рамки. А тоа што јас сум ги застапувал Студентскиот парламент е сосема друга работа и едното со другото не е поврзано. За тоа што Студентскиот пленум се обидува некого да дискредитира и да им наруши рејтинг и авторитет, ќе добијат соодветни пријави од мене и со нив ќе се видиме во судските инстанци, вели Живковски во изјава за НОВА.

Неговата реакција следи откако Студентскиот пленум денеска побара од Сенатот и Ректорот изземање на професорката Живковска поради конфликт на интереси, со цел Комисијата да продолжи непречено со работа.

– Сметаме дека професорката Родна Живковска не може да работи непристрасно, имајќи го предвид досегашното криминално работење на СПУКМ со фалсификување на потписи, неконтролирано трошење, но уште повеќе и насилните избори кои се случија пред очите на целата јавност, а во што е вмешан и нејзиниот син, вели Пленумот во своето соопштение.

faktura

За Живковски ова е апсурдно тврдење на помала група која и во минатото се обидувала да ги наруши изборните процеси на УКИМ.

– Апсолутно нема никаков конфликт на интереси, зарем мајка ми треба да ги знае сите мои клиенти и кого јас застапувам. Каква поврзаност има тоа што универзитетски професор кој што е сенатор избран од Универзитетскиот сенат и се води по закон? Тоа е нејзино мислење. Сенатот е тој кој ќе ги прифати или нема да ги прифати нејзините мислења. Тоа што една мала група се обидува да шиканира во јавноста, како што кажав, ќе си добијат пријави и ќе си одговараат по закон. Непотизам овде не постои, порачува Живковски.

Одговарајќи на прашањето на НОВА, за тоа дали смета дека последните избори за нов претседател на СПУКМ беа регуларни, поранешниот претседател на оваа студентска организација, вели, оваа мала група на студенти се обидела да го наруши изборниот процес и во минатото.

– Не ги следев последните студентски избори многу, но од она што го видов по медиумите, имаше мала група на студенти кои сакаа да го уништат изборниот процес, исто како што сакаа да го уништат изборниот процес за избор на ректор. Но со оглед на тоа шо над три години сум надвор од студентското движење, тотално е небитен мојот коментар, потенцира Иван Живковски.

На 30.јуни, изборите за нов студентски лидер се одвиваа во тензична атмосфера, кога студентите гласаа на импровизиран гласачки пулт, на ливче кое наликуваше на флаер, без печат и без регистарсти број.

Иако Студентскиот пленум апелираше за повторување на изборниот процес, и протестираше пред просториите на СПУКМ, кога беа и насилно исфрлeни од страна на Единицата за брзо распоредување, новоизбраниот претседател Давор Поповски за НОВА рече дека тој е регуларно избран и дека му претстоеле сериозна и макотрпна работа.

Иван Живковски Родна Живковска Сенат СПУКМ Студентски пленум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.