Published: Friday, July 19, 2019 09:24
Осомничениот за подметнување на пожарот во студиото за анимација во Кјото, во кој загинаа најмалку 33 лица, признал дека тој е извршителот и дека тоа го сторил од одмазда.
Според 41-годишниот маж, студиото му украло идејата за проект, соопшти полицијата и додаде дека во моментов се уште се разјаснуваат околностите за инцидентот.
Пожарот избувна вчера околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн“, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.




