Published: Tuesday, February 14, 2017 13:52
Едно лице загина, а неколкумина се повредени во судар на патнички и товарен воз во Луксембург, јави агенцијата АП.
Претходно, Луксембирг ворт јави дека најмалку четворица се повредени.
Сударот се случил рано утрово во близина на границата со францускиот град Бетембург, кога патничкиот воз кој се движел од Тионвил на североистокот на Франција се судрил со товарен воз.




