НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судењето за Шпион одложено за следната година

0
By Нова ТВ on December 14, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За 23 јануари следната година е одложено судското рочиште за предметот „Шпион“, поради неприсуство на Маријан Ефремов, кој е еден од осудените во овој случај.

Судот нареди за следното судско рочиште да му се достави уредна покана на Маријан Ефремов.

Предметот „Шпион“ го презеде Специјалното јавно обвинителство.

Скопскиот Апелациски суд во октомври 2016 година делумно ги уважи жалбите на обвинетите во предметот „Шпион“ и ја преиначи првостепената пресуда на Основниот суд Скопје 1, во однос на висината на казните.

– Апелацискиот суд до Кривичниот суд ја достави пресудата со која првостепенета пресуда за предметот „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата се враќа на повторно судење и одлучување, соопшти Кривичниот суд.

На обвинетиот Горан Стојков, кој беше осуден на девет години, со одлуката на Апелацискиот суд казната му беше намалена за три години и три месеци.

Петнаесетгодишната казна на обвинетиот Маријан Ефремов му беше намалена на 10 години и шест месеци.

Маријан Маџовски доби условна казна, а претходно беше осдуден на затворска казна од 1,5 година. Условна казна доби и Ване Цветанов, кој беше осуден на тригодишна затворска казна.

Во утврдените казни, како што тогаш соопштија од Кривичниот суд, се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.

За случајот „Шпион“ беа обвинети 18 лица за злосторничко здружување, шпионажа, злоупотреба на службената положба, уцена, измама и недозволено поседување на оружје.

Во завршните зборови обвинетите тврдеа дека не се виновни и побараа од Судот да ги ослободи од кривична одговорност.

„Шпион“ Ефремов одложено
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.