Американски судија ја блокираше одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го укине спроведувањето на програма, која им овозможува на младите луѓе, кои влегле илегално во САД во времето кога биле деца, да останат да работат и учат легално во земјата, пренесоа светските агенции.
Одлуката ја донесе судијата Вилијам Алсоп од Сан Франциско. Тој нареди на администрацијата да ја продолжи програмата.
Со програмата наоколу 800.000 луѓе и е овозможено да работат и учат легално во САД, без можност за депортација. Таа беше воведена од претходникот на Доналд Трамп, демократот Барак Обама, во 2012 година.
Во септември, администрацијата на Трамп објави одлука за укинување на програмата. Повеќе од десет американски држави поднесоа тужба против оваа одлука.




