Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судијката Емине Калач времено упатена во Основен суд Кочани поради зголемен обем на работа по пожарот во дискотеката

0
By Marija Todorovska on May 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет на РСМ на денешната седница донесе одлука за времено упатување на судијата Емине Калач од Основниот суд Велес во Основен суд Кочани. Таа во наредните два месеци треба да ја подобри работата на судот во постапување кривичниот оддел на судот, каде има зголемен обем на работа под трагичните случувања во Кочани.

Во образувањето на судијата известител Исамедин Лимани и координатор на кочанскиот суд на 522 седница на Советот беше наспоменато дека во кочанскиот суд има недостиг од судии кривичари, а во моментов заради случајот со трагичниот настан има потреба од зајакнување на капацитетите за работата.

Во барањето се наведува дека судот се соочува со проблеми при составување на кривични совети за постапување во предмети во кривична постапка. По случајот со пожарот, отежнато е постапувањето по редовните предмети и се јавува застој во работењето. Ги зедов предвид податоците од судовите во Велес, Штип и Струмица и со оглед дека треба интервентно да се делува, предлагам да биде судија од Велес сè до одлука на комисијата, рече Лимани.

Членот на судскиот совет Весна Дамева и координатор на судот во Велес ја појасни состојбата во Основен суд Велес од каде би требало да се делегира судија и дека има недостиг на судии. Таа напомена дека дел од судиите од Велес имаат законски пречки да бидат делегирани и предложи советот да предложи судија.

Неспорно е дека Основен суд има седум судии, но треба да одлучиме без да направиме штета на другите судови. На вонредна седница на советот во Велес немало согласност да бидат делегирани, но се надевам дека делегираниот колега ќе да даде придонес во постапувањето во кочанскиот суд, рече Дамева.

По дискусиите беше заклучено дека судијата Емине Калач од Основен суд Велес времено се упатува во Основен суд Кочани за период од два месеци, а надлежната комисија во Судскиот совет да постапува во насока на решавање на недостигот од судии и поефикасно работење. 

емине калач Кочани пожар Суд Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.