Повредени се 32 припадници на безбедносните сили а приведени се 117 лица во денешните судири во Сантиаго во Чиле, меѓу полицијата и студентите кои бараат бесплатно образование.
Илјадници демонстранти во Сантјаго со камења ја гаѓаа полицијата која употреби солзавец и водени топови за да ги разбие демонстрациите.
Демонстрантите од претседателката Мишел Башеле побараа да го забрза спроведувањето на долго очекуваните реформи, со кои се гарантира универзален пристап до бесплатно високо образование во Чиле.
Образованието е проблем за младите Чилеанци веќе една деценија, кои бараат промена на системот што датира уште од периодот на диктатурата на Аугусто Пиноче.
Во вторникот тие успеаја да го пробијат безбедносниот систем и да влезат во дворот од седиштето на владата.
Портпаролот на студентската организација, Марчело Кореа, ја предупреди владата дека протестите нема да се намалат се додека не им бидат исполнети нивните барања.
– Се повеќе не има и се посилни сме. Доколку не не слушаат, ќе одговориме со сета сила, порача Кореа.




