Published: Friday, February 20, 2015 11:02
Неколку часа пред почетокот на синоќешниот фудбалски натпревар во Лига Европа помеѓу Рома и Фејнорд дојде до пресметка помеѓу италијанската полиција и холандските хулигани при што повредени се над 25 навивачи.
Најжестоко било на познатите „Шпански скали“ каде холандските навивачи фрлале со бакли, димни бомби и разни предмети кон полицијата.
Уништени се голем број на излози и автомобили, а првичните проценки се дека хулиганите од Холандија направиле штета од околу 100.000 евра.
Околу 7.000 навивачи на Фејнорд синоќа гостуваа во Рим, а поради очекуваните нереди италијанските власти ангажираа околу 1.300 полицајци и 700 редари.




