Published: Thursday, August 25, 2016 15:55
Три лица се повредени во вооружен судир на истокот на Германија меѓу полицијата и членови на групата Движење на граѓаните на Рајхот, кои го оспоруваат легитимитетот на модерната германска држава.
Според портпаролот на полицијата инцидентот се случил кога 100 полицајци се обиделе да спроведат наредба за иселување на 41 годишен нивен член во градот Ројден, на околу 20 километри од Лајпциг.
Според полицијата тој бил застрелан и тешко ранет.
Еден полицаец се здобил со лесна повреда на вратот, а друг бил каснат.
Членовите на ова Движење одбиваат да го признаат легитимитетот на повоена Германија и тврдат дека се граѓани на Германскиот Рајх.




