Палки и солзавец употребила синоќа полицијата на еден од словенечко-хрватските гранични премини кога дошло до судир со група мигранти кои се обиделе да ја пробијат оградата, за да влезат во Словенија, пренесуваат словенечките медиуми.
Словенечката полиција се обидела да ги спречи да стигнат до автобусот, кој бил од словенечката страна на границата.
Словенечките власти одбија да гласаат за повеќе од 1.000 мигранти кои пристигнале од Хрватска бидејќи дневната квота била исполнета. Во таква ситуација мигрантите морале да ја поминат ноќта на температури под нулата во близина на железничката пруга бидејќи полицијата не им дозволи да ја преминат границата.
Вчера Хрватска повторно ја отвори границата со Србија и пропушти неколку илјади мигранти кои чекаа на границата речиси два дена. Од Хрватска бегалците се движат со автобуси, кои ги носат до приемен центар Опатовац, а транспортот е обезбедуван од хрватската полиција.




