Published: Friday, July 17, 2015 21:13
Најмалку шестмина загинаа во денешните судири меѓу полицијата и происламистичките демонстранти во Каиро, соопшти египетското Министерство за здравство.
Приврзаници на соборениот претседател Мохамед Морси организираа демонстрации по денешната молитва по повод празникот Рамазан Бајрам.
Полицијата вели, демонстрантите нападнале полициска станица во кварт во близина на пирамидите во Гиза. По судирите приведени се околу 15 приврзаници на Муслиманско братство.




