Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Барселона

0
By Нова ТВ on March 25, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, March 25, 2018 19:32

Судири избија меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Барселона, каде илјадници Каталонци протестираат против апсењето во Германија на поранешниот каталонски премиер Карлес Пучдемон.

Полицајци од единицата за борба против немири ги удираа демонстрантите со палки за да ја спречат толпата, која се обидува да се движи кон претставништвото на шпанската Влада во Каталонија.

Каталонската полиција ја блокираше улицата и побара да се растури собирот.

На повик на една радикална сепаратистичка група – Комитети за заштита на републиката, демонстрантите се собраа на Лас Рамблас, познатиот булевар во центарот на Барселона, извикувајќи „Слобода за политичките затвореници” и „Пучдемон е нашиот претседател”.

Германската полиција денеска на границата меѓу Германија и Данска го уапси поранешниот претседател на каталонската регионална Влада Карлес Пучдемон.

Тој бил задржан кога со автомобил ја минувал границата, потврди неговиот адвокат.

Пучдемон се враќал од Финска, каде престојуваше минатата недела на покана на фински пратеник. Според тој пратеник, Пучдемон во петокот ја напуштил Финска во правец на Белгија на „неутврден начин“. Финската полиција вчера информираше дека примила налог од Шпанија за негово апсење, но одговори дека не знае каде тој се наоѓа.

Пучдемон е уапсен врз основа на меѓународната потреница, што во петокот вечерта ја објави Врховниот суд на Шпанија поради бунт и организација на референдум за независност на Каталонија. Според шпанскиот закон, доколку биде осуден, може да добие затворска казна до 30 години.

Во Каталонија вчера и завчера се одржаа серија протести од каде беше побарана „слобода за политичките затвореници“. Шпанското Министерство за внатрешни работи се огласи, тврдејќи дека не станува збор за прогон поради политички идеи, туку поради кршење на Законот.

Откако на 27 октомври минатата година во каталонскиот Парламент беше изгласано воспоставување независна република Каталонија, шпанската Влада воведе директно управување со автономниот регион.

По тој чекор на шпанските власти, Пучдемон замина во Белгија, каде живее и води меѓународна кампања. Од тогаш тој престојуваше во Данска, Швајцарија и Финска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.