Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот ги отфрли сите 7 обвиненија против адвокатот Стеваноски

0
By Нова ТВ on April 8, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Зоран Милошески

Основниот суд Прилеп ги отфрли последните 3 обвиненија кои против еден од водачите на „Шарената револуција“ во Прилеп, Жарко Стеваноски, ги поднесе СВР Битола-Полициска станица (ПС) Прилеп. Со тоа, прилепскиот адвокат е ослободен од сите 7 поднесени обвиненија за наводно загрозување на безбедноста во сообраќајот за време на одржувањето на минатогодишните граѓански протести.

Со трите последни пресуди Стеваноски е ослободен од одговорност од поведената прекршочна постапка дека, испишувајќи го графитот „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“ на асфалтот пред зградата на Општина Прилеп, сторил прекршок со кој ја загрозил безбедноста во сообраќајот. Имено, според поднесеното обвинение, испишаниот графит „имитирал односно личел на сообраќаен знак со што ги заслепувал учесниците во сообраќајот и го одвраќал нивното внимание во таква мера која можела да биде опасна по безбедноста во сообраќајот“.

Коментирајќи ги пресудите, Стеваноски вели дека тие се доказ за непрофесионалноста и некадарноста на МВР кои во изминатиот период, преку различни форми, врши континуиран притисок врз него.

„На ваков начин алатката за спроведување на реваншизам против неистомислениците на локалната власт, а тоа е МВР, не само што докажа и покажа непрофесионалност и некадарност ами директно предизвика штета по буџетот на РМ, на чиј товар паднаа трошоците на постапките кои надминуваат значителен износ. Покрај ваквите обиди, МВР низ сиот овој период врши притисоци изразени во други форми, со кои преку разобличување на незаконитото постапување и барање на одговорност од службените лица од ПС Прилеп, се справувам на соодветен начин”, вели Стеваноски.

Ваквата разврска Стеваноски ја најави уште при поднесувањето на првото обвинение од страна на СВР Битола и уште тогаш ги потсети подносителите дека постои законска регулатива која го санкционира лажното пријавување на кривично дело или прекршок.

 

#Шарена револуција адвокат обвиненија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.