Горан Грујевски, осомничен во случајот „Тврдина“ за уништување на опремата за прислушување во МВР, остана без патна исправа.
Судија на претходна постапка му го одзеде пасошот на поранешниот началник на Петтата управа Грујевски. Судијата го одби барањето на Специјалното обвинителство кое бараше притвор за Грујевски. Но му ја одзеде патната исправа.
Освен него, во случајот Тврдина, осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и уште три лица вработени во МВР.