НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот му пресуди на јавниот збор

0
By Marija Todorovska on June 18, 2025 ОПШТЕСТВО, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

Апелациониот суд ја потврди пресудата на Основниот граѓански суд Скопје во корист на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со што е заокружен повеќе од две години долг судски процес против Џабир Дерала.

„Повеќе од две години бев предмет на политички мотивиран судски процес, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер на Република Северна Македонија. Тужбата се однесуваше на текст што беше преземен од други медиуми. Судскиот процес го водеше лично неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски. “, вели Дерала.

Тој вели дека уште пред да започне постапката бил цел на напади и клевети на социјалните мрежи од страна на Мицкоски, што предизвикало говор на омраза и дури закани со ликвидација. Нападите, според него, не само што го нарушиле неговиот углед и угледот на редакциите во кои работи, туку ја загрозиле и неговата лична безбедност.

„Ова не е изолиран случај. И не е единствен. Стратегијата е иста – да се замолчи критичката мисла преку институционален прогон “, додава тој.

Дерала ја осудува злоупотребата на правосудниот систем во корист на политичката елита и упатува повик до домашната и меѓународната јавност за будност и реакција.

„Овој случај не е само против мене лично – тој е напад врз секој што има храброст да ѝ се спротивстави на неправдата и да ја критикува власта. “, вели тој.

Случајот предизвика реакции:

Љубомир Костовски

Кога во време на жешките мајски денови ’68-та го прашале Де Гол зошто не го апси филозофот Сартр, како наводен инспиратор на тие настани што започнаа во славната Сорбона, тој рекол – Франција не ги апси своите Волтери. И тогаш, но и денес, оваа изрека е онолку вткаена во француското милје колку и неговата идеја со неговиот политички врсник Аденауер да ја основа Европската унија. Тие паралелни процеси – и во економијата ама и во духовноста, односно политичката принципиелност – ја држат Унијата онаква каква што ја знаеме.

Затоа или попрецизно – и само затоа, кога деновиве битно се редуцира одбраната на тие идеали, претставени и низ реалното согледување на украинската трагедија е толку силно само во институциите на Унијата, која, рака на срце, стана малку преширока, па и на нејзините географски краеви – се гледаат многу атавизми.

Поводот за овие реченици е во сознанието дека нашиот колега Џабир Дерала го изгуби спорот со премиерот и неговиот министер за внатрешни во парница, покрената нормално од споменатите двајца затоа што во свој медиум пренел текст напишан во друг медиум, кој, ете не е тужен како евентуален извор за содржина која на тужителите им се чинела спорна. Ова не значи никаков став за изворот на главоболката на двоецот Мицкоски-Тошковски, која и не ја знам, туку за методологијата по која некој, во овој случај – судот, ги донесува своите пресуди!

Со оваа пресуда се продолжува практиката на претходникот на актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на столетието кога, во периодот после изборите во 2008 година, во време на реалниот скок на популарноста на Груевски со антиквизацијата и изолационизмот, во писарниците на судовите имаше 600 тужби против новинари. Имаше тука еден мал парадокс – самиот Груевски не се појавуваше како тужител, туку тие беа на неговите гавази во повисоките ешалони, кои на овој начин му ја покажуваа својата верност.

Таа кумулација на тужибаби ја прекина самиот Груевски кој во еден миг сфати некои работи, па даде партиски налог сите тие тужби да се повлечат. Така и би. Така покажа некаква дистанца од оние околу него. Ова секако не го спречи во мигот кога популарноста започна да се лула, доста брутално да се пресмета со телевизијата А1, да не заборавиме.

Оваа бесмислена тужба против Дерала која секако си прави свои последици, пред сè, во однос на чувството за правда и нејзино поддржување од судски систем, е само показател колку сме далеку од вистинските европски вредности кон кои навидум тежнееме!

Просто се доградува таа атмосфера на недопирливост на власта по сите можни шевови, а се користи ситуацијата кога опозицијата по правило не успева да дефинира своја политика на одбрана на своите ставови.

Пред сè, тука мислам на европските вредности и низ сферата на медиумите, за која никогаш и немале добра стратегија во периодот на општествената транзиција. И тоа секогаш одело и ќе оди на штета на оние – како Дерала – што истите вредности ги бранат наоружани само со својата совест.

Ерол Ризаов

Не велам дека новинарите треба да бидат заштитени како мечки и недопирливи. Но кога во наезда на лаги и премиери кои лажат штом зинат, и тужат новинари со најавени закани, тогаш тоа е многу посериозна дијагноза за општеството во кое живееме.

Кога ВМРО-ДПМНЕ и нивните челници тужат и судски гонат новинари има во сите случаи еден заеднички доказ кои судовите не го земаат во предвид.

Вмровските премиери и функционери не ги тужат уредниците и новинарите кои се фабрики за производство на лаги и дезинформации. Тие се насочени кон влијателни новинари и медиуми кои професионално работат и објективно ја информираат јавноста.

Застрашувањата и пресудите со парични казни за пренесен текст од друг медиум, како во случајот на колегата Џабир Дерала, е само уште еден доказ дека повторно Македонија ќе се најде на црната листа меѓу азиските и африканските диктатури.

Самата јавна закана и најава на тужба на премиер или висок функционер ја дисквалификува тужбата.

За жал, колега, ние сме во вукојебина каде што примитивизмот и стравот се најдобро тесто за месење на јавноста. Молчењето не само на медиумите и медиумските асоцијации, јавни личности, интелектуалци – јасно покажува дека Македонија е во полоша положба од авторитарен систем. Влеговме во фаза на режим.

Остануваме да си ја работиме работата додека нè држи мислата. Еднаш реков дека, ако нема каде да пишувам, ќе пишувам по тараби.

Бранко Тричковски

Мораме да и го одземеме на власта незаконскиот монополот за тортура
Џабир, мораме да го спуштиме третманот на луѓето во власта.
И на власта како таква. Кои се и што се тие? Дури и кога се жалиме или бараме помош. Само сме ние тие што можеме да си помогнеме.

Тоа нема да биде особено тешко затоа што си имаме работа, и ние и Македонија, со нижи суштества. Јас ги викам г…..и. Прости, неписмени и глупави г…..и. Без трунка респект кон институциите што ги претставуваат или симболизираат. Да го изедначиме нашиот третман со нивите намери и интереси, не со нивните политики, затоа што тука политики нема.

Тие не се политички фактор кој работи нешто добро, нешто помалку добро или лошо во третманите на општото добро, туку се злосторничко здружение кое во одредени околности успеало да ги приватизира и узурпира сите државни ресурси. Сите!

Тоа мене, а и сета преостаната нормалност, не само што не би требало да не обврзува туку обратно, треба да не ослободи да формираме Кризен штаб кој нема внимателно да ги следи случувањата, како што прават нивните искривени штабови, туку ќе го организира ослободувањето на Македонија. Тоа значи дека можат само да паѓаат бидејки немаат простор за нови освојувања.
Односно ќе се судрат со недостиг на нови ресурси за сопствената репродукција. Ќе почнат да се јадат себе. Злото се храни со зло.

Ти не можеш да го најадеш Мицкота затоа што си добар. Од мене можат да му паднат забите.
Или да пукне од запек.

Шетајки низ Аеродром во тревата најдов една срцева преткомора. Стручњаците ми рекоа дека е од срцето на Мицко кое пукнало кога се соочил со празните градови, села и училишта. Им реков да му ја вратат, макар што знам дека тој може да функционира и само со една комора и оној Азески.

Ми понудија награда од три милиони евра. Реков- не, фала!

Им реков на форензичарите да му порачаат дека не е нужно човек да биде власт за да биде комотен во вршењето на зло над луѓето, да отпуштаат од работа или да ги праќаат родителите на изгорените деца во Пониква односно и нив да ги убиваат. Да те бркаат тебе по судови со години.

Кога Ставревски ја бркаше ќерка ми од работа му напишав дека јас не мора да бидат министер за да го избркам неговото дете од Корзо натопено во шише сливова ракија или обележан со некоја џумка на главата.

Вчера потсетив на случајот со Луиѓи Манѓоне. Човекот што во Њујорк го уби директорот на здравственото осигурување затоа што тој бонусен милионер не му одобрил и него и на илјадници други финансиска помош за лечење. Не, не повикувам на убиства, само сакам скотовите од власта малку да ги култивирам и предупредам.
Некој навистина може да умисли дека е Луиѓи. Со причина.

И порачуваме на власта дека ние знаеме дека никогаш нема да бидеме еднакви, но дека монополот на пресметките, на заканите, тортурите, загрозите, ќе мораме да им го одземаме.
Затоа што тоа со што располагаат и го употребуваат не е втемелено во законот туку е злоупотреба на функцијата. Која не е иста со законот.

Освен тоа ние ќе имаме неспоредливо поголема смисла за стил.

Војо Маневски 

Напишав десетина текста за состојбите во правосудството. Што и да додадам е само уште еден податок кој ги потврдува моите тези.

Претседател на влада , лидер на опозиција тужи новинар?

Го загрозувал неговиот интегритет со текст кој е објавен пред тоа во друг медиум. И што треба да е заклучокот?

Лидерот не сака јавност ниту увид во неговите активности. Ако сакаш да имаш приватност не излегувај на јавна сцена , не троши пари на заедницата и ќе си бидеш обичен граѓанин.

Секое посегнување по правосудниот систем и барање негова заштита е слабост на лидерот кој не ја разбира положбата и одговорноста што ја носи тој статус. Ако не сакаш да пливаш во такви води не влегувај во водата е народна мудрост. Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење, а не демократски систем каде секој магистрат и е одговорен на јавноста и законот. А ако нема јавност законот е со заврзани очи. Џабир одговара пред јавноста и законот што нема врзани очи.

Ете тоа е разликата господа носители на јавни овластувања. Колку повеќе ја замолчувате критиката толку повеќе го кратите својот мандат даден од граѓаните. Разликата е во крајот на мандатот. Демократите заминуваат со поздрав со претходникот, а автократите власта ја губат во немири и оставаат неред во општеството. Изборот е ваш господа владители.

Јане Ѓорѓиоски

И колку беше тенденциозно и насочено токму кон Џабир и нашите медиуми, говори тоа што кога на една телевизија го прашаа премиерот, зошто го тужи Џабир кога тој не е автор на текстот туку се работи за преземен текстот од друг портал кој нема благе везе со Џабир, Мицкоски со блага насмевка (нешто како покажуваќи итрост), рече – па така одбрав.

Зоран Иванов

Овој пат нема да го бранам Џабир Дерала.

Уште вчера по веста дека Мицкоски го „добил“ Џабир на суд, се фатив за телефонот за пак, како и претходно во слични околности за Џабир и судот, да чкртнам ред, два од нога но, баталив.

Си велам што некој воопшто би имал потреба да го брани Џабир и тоа од кого, oд Христијан. Од човекот кој тужи јавност од една моќна политичка позиција како прв човек на моќната политичка партија и кој пресудата ја дочекува на уште помоќна позиција како премиер на Северна Македонија.

На Северна беше, нели? Премиер на Северна? Уште сме Северна, така? А вети и така стана премиер. За тоа ќе треба да се тужи, но да се вратам на темата.

Значи, Дерала е тужен од човекот кој тужи од позиција на една своја времена позиција на моќ и на тон суета. И тоа тужел за пишан збор. И тоа новинар на кој работното место му е јавност. И тоа е тужен за напишана мисла. И тоа тужителот имал можност за исправка, за демант, за мал милион поинакви цивилизациски, демократски, па и карактерни сатисфакции.

А за судот кој осудува новинар за негова работна обврска, за персоналот таму, за некои од нив посебно, другпат.

Туку да завршам на темата. Христијан Мицкоски тужел за изречена мисла. Ја одбрал највалканата варијанта, најпримитивната алатка за дисциплинирање јавноста од позиција на моќ. Од позиција на функција од која не му доликува да „добива“ новинар на суд. Посебно не со вакво, два нели посто, судство.

А можел да реагира лично со јавен збор. Барем тој, таква медиумска можност има во изобилие. Ќе испаднеше фраер. Вака …

Вака немам од кого да го бранам Џабир. Нема да реагирам што функционерот на суд го добил новинарот. Нема смисла.

Дури, на Џабир ова му е уште една фина можност, и оваа пресуда за новинарска посветеност, да си ја архивира во папката во која си ги чуваа професионалните комплименти.

 

Мицкоски Панче Тошковски реакции Суд Џабир Дерала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.