Судот во Чиле нареди ексхумација на познатиот поет и нобеловец Пабло Неруда во рамките на истрагата за неговата смрт во 1973 година.
Лево ориентираниот поет почина 12 дена после воениот удар кога во неговата земја на власт дојде генералот Аугусто Пиноче, на место социјалистичкиот претседател Салвадор Аљенде.
Неруда жестоко го критикуваше државниот удар.
Неговото семејтво објави дека Неруда починал во клиниката во Сантјаго од рак на простата на 69 – годишна возраст. Меѓутоа, 2011 покрената е истрага по информација дека Неруда бил отруен.
Датумот на ексхумација не е одреден.