Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, го одби како неосновано барањето за укинување на мерките за претпазиливост на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој е обвинет од СЈО во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1, постапувајќи по предлог на обвинетиот С.М. поднесено преку неговите бранители за укинување на мерките за претпазливост, на нејавна седница, донесе решение со кое барањето се одбива како неосновано, соопшти скопскиот Кривичен суд.
Со тоа остануваат на сила мерките на претпазливост, привремено одземање на патната исправа за преминување на државната граница и забрана за издавање на нова патна или друга исправа за преминување на државната граница и обврската на обвинетиот еднаш неделно да се јавува кај надлежно службено лице во судот.
Мијалков има рок од три дена да се жали до Апелација на решението.
Вчера, ваква одлука Кривичниот совет на Судот донесе и за лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.