Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот немаше милост, Бекер доби затворска казна од 2,5 години

0
By НОВА ТВ Terziova on April 29, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шесткратниот гренд слем шампион, Борис Бекер е осуден на затворска казна од две и пол години од судот во Лондон.

Бекер банкротираше во јуни 2017 откако не успеа да го врати долгот од 3 милиони фунти за својата луксузна вила во Мајорка, Шпанија.

Коментаторот на Би-Би-Си, Бекер, кој е татко на четири деца, префрлил околу 390.000 фунти од својата деловна сметка на други, вклучувајќи ги и оние на неговата поранешна сопруга Барбара Бекер и отуѓената сопруга Шарли „Лили“ Бекер.

Тој, исто така, не го пријавил својот удел во имот од 1 милион фунти во неговиот роден град Лејмен, Германија, криел банкарски заем од речиси 700.000 фунти – вреден 1,1 милиони фунти со камата – и сокрил 75.000 акции во технолошка фирма, проценети на 66.000 фунти.

Бекер, кој доби двегодишна условна казна за даночно затајување и обид за даночно затајување во вредност од 1,4 милиони фунти во Германија во 2002 година беше прогласен за виновен на 8 април за четири прекршоци на Законот  помеѓу јуни и октомври 2017 година.

Секоја точка предвидуваше максимална казна од седум години затвор. Судијката Дебора Тејлор го осуди шесткратниот гренд слем шампион на 30 месеци затвор, од кои ќе одлежи половина, денеска пред судот во Саутворк.

Осврнувајќи се на претходното осудување на Бекер, судијата попладнево рече: „Не го послушавте предупредувањето што ви беше дадено и шансата што ви беше дадена со условната казна и тоа е значително отежнувачки фактор“.

Ја изгубивте кариерата и угледот и целиот свој имот како резултат на вашиот банкрот.

„Не покажавте каење, прифаќање на вашата вина и се трудевте да се дистанцирате од вашата навреда и вашиот банкрот. Иако го прифаќам вашето понижување како дел од постапката, немаше понизност“.

Додека го одведоа, Бекер беше вцрвенет. Неговата девојка Лилијан Де Карваљо Монтеиро го бакна пред да исчезне надвор од судот во ќелиите долу.

Реагирајќи на веста, пријателот на Бекер и колега поранешна тениска ѕвезда, Ендрју Касл, изјави за LBC денес: „Сè уште се оптеретувам од веста во петок попладне дека Борис Бекер – кој е мој одличен другар, сум седел покрај него, сум играл со него, сум вежбал со него, сум бил надвор со него, сум бил пијан со него, тој е добар човек – ќе оди во затвор.

„Ако не ги платите вашите доверители, вие ја плаќате цената. Ова е втор пат да се случи ова по она што се случи во Германија во 2002 година. Мислев дека ова е можност, но изненаден сум и длабоко шокиран што нема да работам со него на Вимблдон оваа година и дека тој ќе замине во затвор. Жал ми е и за Лилијан.’

Бекер претходно пристигна на судот со госпоѓицата де Карваљо Монтеироа утрово, облечен елегантно во костум и  во вратоврска на Вимблдон додека одеше по скалите и влегуваше во зградата додека се држеше за рака со неа.

Потоа влезе на обвинителната клупа на теренот, додека неговиот најстар син влезе во судницата носејќи голема чанта со брендот Пума, која тениската ѕвезда претходно беше видена како ја носи надвор од својот дом.

апсење Борис Бекер Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.