Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот пресуди да се конфискува Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски доби шест години затворска казна

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 8, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот донесе пресуда да се конфискува партиското седиште на ВМРО- ДПМНЕ и друг имот на партијата, а поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство доби затворска казна од шест години. За поранешниот генерален секретар на Владата и на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски судот пресуди условна казна од две години која нема да се активира ако во следните пет години тој не направи исто кривично дело.

Обвинетите се товарат за злоупотреба на службената положба, при што овозможиле правното лице ДГ „Бетон“ АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето кога фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија, спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Според судот, пазарната вредност на земјиштето кое со партиска одлука и било дадено на градежната компанија „Бетон“ изнесувала околу 800 илјади евра, а изградениот објект вредел седум милиони евра.

Судијката Даниела Алексовска Стојановска која повеќе од еден час  ја образложуваше одлуката на судот во 14 часот  ја обзнани пресудата во Кривичниот суд во Скопје.

– Лидерот никогаш не ги напушта своите следбеници за да избегне одговорност, Груевски немаше доблест да се соочи со лицето на правдата и ги остави своите следбеници. Самиот чин на бегство од правдата доволно кажува за неговата личност, како и за неговата вина. Со секоја пресуда се испраќа порака дека поголемите овластувања значат и поголема одговорност. Сите се еднакви и никој не е привилегиран, никој не може да ја задржи имотната корист стекната со кривично дело, рече судијката во образложението на пресудата за Груевски.

Освен партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ, според одлуката на судот се конфискува и имот на партијата во Берово, Македонска Каменица, Новаци, Велес, Струмица, Кавадарци, Кисела Вода, Охрид, Пробиштип, Лозово, Кочани, Струга, Нов Дојран, Неготино, Петровец, Богданци, Градско.

– Политичките партии не можат да се финансираат од приватни претпријатија кои вршат јавни работи, рече судијката.

Таа наведе дека од изведените докази во текот на судскиот процес било откриено дека иако се создал впечаток дека обвинетиот Божиновски спроведувал одлуки на колективните тела на партијата, во суштина тој извршувал наредби на првообвинетиот Никола Груевски, а зад тоа само привидно стоеле одлуките на партиските органи. Адвокатот Еленко Миланов во завршните зборови на одбраната, претходно рече дека нема доказ дека Кирил Божиновски постапувал по барање на првообвиниетиот, туку имало одлуки на сите партиски тела кои го задолжиле да го потпише договорот за соинвеститорство. Обвинетиот Божиновски негираше дека договарал или преговорал со АД – Бетон за изградба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и нагласи дека со изведените докази од Обвинителството не е поткрепено обвинението, а Основниот Кривичен суд – Скопје дека во текот на судењето за овој предмет му ги прекршил неговите права.

Aдвокатот Горан Каркински, назначен по службена должност да го брани првоообвинетиот Никола Груевски, претходно рече дека во текот на судењето Обвинителството не презентирало ниту еден доказ или сведок, за тоа за што го обвинува.

Застапник на обвинението во овој предмет е јавниот обвинител Љубомир Лапе.

Спротивно на ова тврдење на одбарната, обвинителот, како што објавивме претходно, освен што побара судот да ги огласи за виновни Груевски и Божиновски поради злоупотреба на службената положба и овластување му предложи на судечкиот совет да ѝ се конфискува имот на партијата како трето лице, бидејќи во нејзино име е остварена имотната корист. Обвинителството побара одземање на Белата палата и дваесетина објекти во сопственост на ВМРО-ДПМНЕ.

С.М.

 

 

 

Кривичен суд пресуда Талир
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.