Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судот во Велес одлучи: Стечајна постапка во „Фени“

0
By Нова ТВ on November 29, 2017 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Основниот суд во Велес денеска го усвои предлогот за отворање стечајна постапка во „Фени инудустри“ Кавадарци. За стечаен управник е именуван Мирослав Анастасиевски од Гостивар.

Воедно судот ги повика банките доверители во рок од 15 дена да ги достават побарувањата.

Судот донесе и одлука и закажа испитно рочиште во Велешкиот суд на 11 јануари 2018 година.

Претходно банките доверители во „Фени индустри“ преку соопштение информираа дека добиле мејл од „Енекод“ во кој известуваат дека нема да бидат во можност да ги исплаќаат платите на вработените.

Банките доверители претходно соопштија дека нивни релевантен соговорник може да биде само онаа компанија која ќе ги исплати двете заостанати плати за вработените и дел од доспеаните обврски кон банките.

Непосредно после тоа следуваше соопштение на банките доверители,  во врска со неофицијалните информации пласирани во повеќе медиуми дека „Енекод“ понудил 35 милиони евра за спас на „Фени“, во кое укажаа дека во јавност нема да ги коментираат елементите од понудата.

– Укажуваме дека хартијата трпи се, а сериозна понуда треба да биде поткрепена или со банкарска гаранција или со депонирани средства. Повторно нагласуваме, дека банките доверители имаа еден единствен предуслов за да ја анализараат сериозноста, издржаноста и прифатливоста на понудата од понудувачите, а тоа е претходно да ја исплатат заостанатата плата на вработените од сопствени средства, стои во соопштението од банките доверители.

Воедно потсетуваат дека „Енекод“ утрово ги известил дека нема да биде во можност да ги исплати платите на вработените во Фени.

стечај Суд Велес Фени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.