Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Судскиот совет разреши еден судија, а за тројца ја запре постапката

0
By Нова ТВ on January 27, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судскиот совет (СС) на денешната седница разреши еден судија поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, за тројца судии постапката е запрена, а за еден судија одлучено е извештајот да се дополни со податоци кои се неопходни за да може Советот да одлучи. Претседателот на Судскиот совет, Киро Здравев изјави дека не може да каже кој судија е разрешен, бидејќи јавноста е исклучена за оваа точка.

Телевизија Телма објави дека е разрешен судијата од Врховниот суд Ристо Катавеновски за кого се водеше постапка за нестручно и несовесно  работење, како и за претходно разрешените судиите Јово Вангеловски и Рахилка Стојковска за укинување на притворот на бизнисменот Сеад Кочан додека беше во бегство. На прашање во врска со изборот на шестемина судии за Апелацискиот суд, Здравев рече дека и тој сака што е можно побргу да ја завршат таа 320 седница, на која е одложена точката за избор на шест судии.

„Ако имаме услови, тоа би го сториле најдоцна до 5, односно до 10 февруари годинава. Ако нема услови во таков случај може да го ставиме на дневен ред па понатаму дали ќе избереме или не ќе видиме. Мора да се направи добра координација, бидејќи не  е умесно некои судии да бидат предложени на седница, а на седницата да не го добијат потребното мнозинство, вели Здравев.

Фото: 1tv.mk

На денешната седница на Судскиот совет беше присутен и членот на СС, Зоран Теофиловски за кого Обвинителството бараше притвор. Здравев, одговарајќи на новинарско прашање во врска со присуството на Теофиловски, рече дека не е точно дека ги штитат членовите на Судскиот совет.

„Досега беше прифатено барањето за одземање на имунитетот не само на членот на СС, туку претходно и на неколку  судии против кои беше поднесено барање за покренување кривична постапка за одговорност за конкретни кривични дела и ние тогаш имунитетот го одземавме, меѓутоа не дадовме согласност за притвор и за судиите и за член на Судскиот совет“, вели Здравев.

Според него, независно дали се работи за судии или за членови на СС, ако не е  одобрен притвор тој може да доаѓа на работа. „На крај на краишта тој зема плата и треба да ја оправда платата и да работи“, додава претседателот ан Судскиот совет.

Појаснува дека Советот за Теофиловски ја донел одлуката тргнувајќи од тоа дека судија во претходна постапка му признал имунитет на судијата со тоа што се обратил до Судскиот совет со барање Советот да се произнесе по однос на имунитетот и по однос на барањето на обвинителот за притворање.

„Претходно се воделе кривични постапки против судии, меѓутоа со оглед на тоа дека истите не биле суспендирани тие постапувале по предметите независно што против нив се воделе постапки. Имавме и случаи каде судии биле суспендирани и по завршување на кривичната постапка со ослободителна одлука СС ги врати на работа. Значи неосновано биле суспендирани за времето додека не е донесена правосилна судска одлука со која тие се ослободуваат од обвинение“, рече Здравев

Во однос на барањето од Антикорупциската комисија, Судскиот совет да им испрати податоци за да ја изградат методологијата кои судии ќе бидат проверувани од нивна страна, Здравев рече дека ги испратиле податоците што им биле побарани и оти најверојатно ќе треба да имаат заедничка средба на почетокот на следниот месец.

„Очигледно дека ќе треба Судскиот совет и Антикорупциска комисија да ги синхронизираат постапките во врска со евентуално поднесување по барањето за утврдување одговорност против судии“, рече Здравев.

Тој посочи дека Судскиот совет постапува и одлучува по барање за утврдување одговорност на судија од аспект на совесност и стручно постапување и од аспект на почитување на морално – етичките норми. Но, како што вели, не може СС да навлегува во испитување на имотната состојба на судиите.

Киро Здравев разрешување судија Судски совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.