Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сугарески: Комуналиите за легализација на дивоградби ќе бидат 100 отсто

0
By Нова ТВ on November 2, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Легализацијата на дивоградбите со новиот закон нема да биде едно евро од квадрат, соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески по поставувањето на првиот столб од далноводот од Штип кон Пробиштип. Тој во вторник ќе ја презентира информацијата и потребата од носење нов закон за легализација на дивоградбите.

„Комуналиите ќе бидат некаде 100 проценти што е еден вид казна од 50 проценти, плус УНЕСКО ќе биде буквално надвор од тој Закон. Лицата со социјален ризик се опфатени во тој дел, каналските канализации. Меѓутоа добро е прво да помине информацијата на Влада и предлог Законот да го доставиме и потоа ќе бидете целосно информирани“, изјави Сугарески.

Законот е правен заедно со општините и ЗЕЛС, а целта е да се решат објектите кои во моментов не можат да се легализираат, согласно постојниот Закон. Прашан како тоа ќе влијае врз граѓаните и фирмите кои градат легално, Сугарески објасни дека оние што граделе нелегално ќе си платат казни и комуналии.

„Ќе го земам Штип за пример каде во моментот има можеби 4.000 дивоградби или не знам, еден куп низ државата. Ние мора да ги решиме, тие мора да имаат правен статус“, рече Сугарески.

Премиерот Заев дополни дека по разговорите со ЗЕЛС е многу важно што треба да се легализираат објектите кои не биле опфатени со закон, зашто другата опција е да се уриваат.

„Република Северна Македонија не е толку богата како држава за да руши материјални добра. Треба да направи се тие да бидат заштитени, кога веќе некој не го легализирал, а законот претходно тоа го дал како можност. Тогаш следната легализација ќе биде 150 отсто ако комуналиите се 6.000 денари или 3.000 денари, ќе треба да плати 4.500 наместо 3.000 денари, ќе има казна поради тоа што не смее да ги одврати никој што легално по пат на добивање градба, како што е пропишано по закон си добиват одобрение за градба за објектите. Така да јасна ќе биде казната“, истакна Заев.

Премиерот очекува социјалните случаи кои имаат вакви градби да ги добијат сите поволности, а ќе има и алатки во законот за решавање одредени објекти што порано не биле решени со постојниот Закон за легализација на диовоградби.

„Еден дел од тоа е подземна канализација, подземна инфраструктура, кабелска канализација од секаков вид, дел е електрична, дел е поштенска, дел е телекомуникациска. Верувам дека преку едно вакво решение ќе успееме да излеземе во пресрет колку што може на граѓаните“, нагласи Заев.

Горан Сугарески дивоградби Комуналии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.