Гордан Калајџиев: Не знам во кој филм е премиерот, ама вакво ниво на комуникација и однос кон судската власт и јавното обвинителство е непримерно за една европска држава.
Владеењето на правото бара независни и компетентни институции на правдата.
Целата ситуација зборува лошо за нашата општа и правна култура.
Не може власта врз правната држава да гледа пазарџиски и од аспект на дневнополитичките интереси. Брука.
Создавањето услови за непречено функционирање на судовите и обвинителството е императив за извршната власт. Не знам од каде овие султански манири на премиерот кон правните институции?
Тешко дека некој може да го измери тоа прецизно од година во година. Битно е дека Европа јасно ни става до знаење дека нешто мора да се промени. Јас сум убеден дека доколку власта покаже доблест да ги тргне рацете од овој сектор, работите веднаш ќе тргнат на подобро. Лесна зада но кој може да разбере.
Извор: Ликално.мк



