Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Супер куп факти – кус пресек

0
By Нова ТВ on August 8, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 8, 2017 10:07

– Реал Мадрид по шести пат ќе учествува во Супер купот. Досега има три победи и два пораза.

– Манчестер Јунајтед во Супер купот има една победа и два пораза.

– Победниците од Лига на шампиони победиле во 22 од 41 претходни напревари од Супер купот.

– Манчестер јунајтед учествувал досега трипати во Супер купот и победил еднаш – во ноември 1991 година против Црвена Ѕвезда. Оттогаш тој клуб двапати е поразен – 1-0 од Лацио во 1999 година и 2-1 пораз од Зенит Санкт Петербург во 2008 година.

– Реал Мадрид победиле во три наврати. Шпанскиот клуб победил во 2002 година против Феенорд (3-1), Севилја 2-0 во Кардиф 2014 година и 3-2 против Трондхајм лани. Загубиле двапати – од Челзи во 1998 година1-0 и пораз од 2-1 и од Галатасарај во 2000 година.

– Двата клуба играа на 24 јули во рамки на американска турнеја. Резултатот беше 1-1. Јунајтед победи на пенали. Претходно, Реал на Олд Трафорд го победил Манчестер со 2-1. Тренер на Реал тогаш беше Жозе Мурињо.

– Манчестер јунајтед нема пораз во 11 европски натпревари.

– Последен англиски клуб што го освои Супер купот е Ливерпул во 2005 година.

– Главниот судија на натпреварот Џанлука Рочи (43) ќе суди четврти напревар на Манчестер и прв по поразот од 2-0 во Лига на шампиони од Олимпијакос во 2014 година. Судија на ФИФА листата е од 2008 година.

– Досега се организирани 41 натпревар од Супер купот. Од 2013 година финалните напревари се одржуваат во различен европски град – Прага во 2013 година, Кардиф во 2014 година, Тбилиси во 2015 година, Трондхајм во 2016 и Скопје 2017 година.

– Вклучувајќи ја и 2017 година, Шпанија има рекорден број на тимови кои учествувале во Супер купот – 25 (Барселона 9, Реал Мадрид 6, Севилја 5, Валенсија 2, Атлетико Мадрид 2, Реал Сарагоса 1).  Англиски тимови – 16 (Ливерпул 5, Манчестер Јунајтед 4, Челзи 3, Нотингем форест 2, Арсенал 1, Астон вила 1), три повеќе од Италија (Милан 7, Јувентус 2, Интер 1, Парма 1, Лацио 1, Сампдорија 1).

– Шпанските тимови држат рекорд со најголем број победи – 13 (Барселона 5, Реал Мардид 3, Валенсија 2, Атлетико 2, Севилја 1) четири повеќе од Италија и шест повеќе од Англија.

– Барселона со победата во 2015 година е на исто ниво со Милан – по пет победи. Ливерпул и Реал Мадрид (три) се на второто/третото место.

– Шест финални натпревари биле одлучени во продолженија.

– Во 2013 година напреварот бил за првпат завршен со пенали (Баерн го победи Челзи со 5-4 на пенали. Во регуларните 90 минути беше 2-2 во Прага).

– Најмногу голови постигнала Барселона во победата во 2015 година против Севилја (5-4). Атлетико во 2012 година го победи Челзи со 4-1, Ливерпул (2001,2005), Реал Мадрид (2002,2016), Севилја (2006) и Милан (2007) постигнале по три голови во Супер купот.

– Во финалето четири натпревари завршиле со резултат 1-0

– Досега не се случило во финалето на Супер купот да нема голови

– Најбрзо постигнат гол бил во 2015 година кога Евер Банега постигна гол за Севилја во третата минута против Барселона.

– Олег Блохињ (Динамо Киев) Радамел Фалкао (2012 Атлетико против Челзи) и Тери Мекдермот (1977, Ливерпул против Хамбург), Лионел Меси (Барселона), Герд Милер (Баерн Минхен), Роб Ренсебринк (Андерлехт), Франсоа Ван дер Елст (Андерлехт) се играчи кои постигнале три голови во Супер купот.

– Единствен автогол е постигнат на финалето во 1998 година (Феенорд против Реал Мадрид. Автоголот го постигна Патрик Пауве од Феенорд)

– Единствен црвен картон добил Пол Сколс против Зенит во 2008 година.

– Откажани се досега три натпревари од Супер купот – во 1974 поради политички проблеми Баерн од  СР Германија не играше против Магдебург од ДР Германија…Во 1981 година Ливерпул и Динамо Тбилиси не се договорија за датумот на натпреварот…По трагедијата на стадионот Хејсел во 1985 година, Јувентус и Евертон не играа во Суперкупот во 1985 година.

Овој текст го подготви државната новинска агенција МИА. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.