Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Суровото масло од Бугарија и Романија го поскапе и „Брилијант“, инспекторите од утре по продавниците

0
By НОВА ТВ Mitreska on April 28, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државниот пазарен инспекторат во рамки на своите редовни контроли од утре ќе прави проверка на новата цена на маслото за јадење, откако денеска  поскапе и „Брилијантот“. Едно шише сега се продава за 135 денари.

Анета Димовска Симеска, директорката на Државниот пазарен инспекторат за Нова објаснува дека во продавниците може да се најде и масло за јадење од ист производител со различни цени, а тоа е така затоа што цената била креирана  во зависност од тоа кога била реализирана набавката.

Токму на тоа од утре пазарните инспектори ќе го насочат своето внимание на приемните листови на набавките и ќе проверуваат дали станува збор за масло за јадење од залихи и кога тоа било набавено.

Од компанијата, „Витаминка“, пак, објаснуваат дека нерафинираното масло од Бугарија, Романија и Украина е со значително повисока цена што се одразило и врз малопродажната цена на маслото.

– Првиот квартал од годинава, Витаминка како компанија покажа одговорност поради економската криза и ја задржа цената на ниско ниво долг временски период. Претходната цена на „Брилијант“ беше 125 денари за литар, со што внимаваме и важно ни е да нема големи ценовни скокови кон граѓаните. Но, изминативе недели ситуацијата се смени во однос на набавката на суровина од Бугарија и Украина, што останаа единствени алтернативни пазари за нас, велат од Витаминка.

И покрај покачувањето, цената на „Брилијант“, велат од „Витаминка“, е најниска од сите производители на масло на македонскиот пазар, а компанијата доследно ги почитува препораките и се раководи според насоките на Владата за справување со економската криза.

Новото сурово масло кое е набавено од Бугарија, Романија и Украина, чини околу 2.200 евра за еден тон, а пред три до два месеца цената се движеше од 1.200 до 1.500 евра за тон. Малопродажната цена на маслото, што е берзански производ, зависи од движењата на цените на светските берзи.

Поради увозот од Србија, кризата со маслото за јадење се смирува и нема потреба граѓаните да прават залихи, порачуваат од Витаминка.

Претхододните пресметки за зголемувањето на цената на маслото, зависно од производителот и од тоа дали станува збор за пакувања од 0,8 литри, 0,9 или еден литар, најавуваа дека таа може да се движи најмногу до 110 денари. Директорот на фабриката „Брилијант“, Коста Ташков објасни дека  поскапувањето е резултат на зголемувањето на цената на суровината и дека со новата цена,  маслото за јадење од овој производител се изедначува со цената на останатите производители во земјата.

Проценките на набавувачите во однос на тоа дали ќе има нов бран поскапувања на маслото за јадење  се дека би требало да се стабилизираат цените пред се поради увозот од Србија, но дека е многу важно граѓаните да ги прифатат апелите да не се прават залихи непотребно.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во март 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 101.6, а индексот на цените на мало изнесува 101.5. Поскапувања во однос на претходниот месец биле забележани кај млекото за 7.3 отсто, кај јацата за 6. отсто, потоа кај свежото овошје за 5.9 отсто. Лебот и житата  поскапеле за 5 отсто. Маслото и масните производи поскапеле за 1.7 отсто, покажуваат анализите на статистика.

Според анализите на ССМ, пак на едно четиричлено семејство за да го помине месецот му требаат над 35.000 денари од кои само 15.000 за храна и пијалоци.

С.М.

анета димоска симеска Инспекторат масло за јадење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.