Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свадбарот или евроскептикот Груевски – кој се сoкри на Сицилија

0
By Нова ТВ on July 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека државата минува низ политичка бура, Груевски со семејството е на летна авантура на Сицилија. Иако тој во Италија замина на први јули, само еден час пред договорената средба на германскиот специјален пратеник му било соопштено дека Груевски нема да присуствува

Неодговорно и незрело политичко однесување – вака накусо експертите ја опишуваат авантурата по сицилијанските градови на Груевски додека посредниците доаѓаат по решенија, а Македонија се задолжува, се соочува со блокади на европските пари, додека предизвикот на земјата да се помести барем сантиметар нанапред во намерите за воспоставување на принципите на демократијата и владеењето на правото.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ и се уште еден од најмоќните политичари во Македонија завчера не се сретна со  специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл.  Бил на свадба во Сицилија. Германецот се сретна со потписниците на Пржинскиот договор, Заев, Ахмети и Тачи, а во ВМРО-ДПМНЕ го пречека партиска делегација.

Според првиот претседател на Собранието на Република Македонија, ваквиот потег на Груевски претставува потценување на дипломатите.

Не е штета што отишол, и без него пораката на Хајндл е примена, проблем е што ова претставува еден вид потценување и неодговорност кон оние кои се трудат да придонесат да се надмине состојбата. Тешко е да очекуваме одговорност, Груевски досега во повеќе наврати ги остава дипломатите да го чекаат со часови, но овој пат сметам дека средбата со Хајндл е намерно избегната. Иако германскиот пратеник го пречекаа претставници на ВМРО-ДПМНЕ, утре Груевски може да каже јас не сум бил присутен и тоа не важи, не би ме изненадило. Сето ова е еден вид слика и прилика за нашите политичари и нивната одговорност за позицијата која имаат, вели Стојан Андов за НОВА.

На ист став е и експертот зa односи со јавност, Петар Арсовски, кој вели дека не смее да се дозволи приватен одмор во време кога се крои судбината на Македонија.

Мислам дека власта пак покажува нетрпеливост и антагонизам кон напорите на меѓународната заедница и веќе тоа не го ни кријат. Имаат еден игнорантно однесување, иако се работело за најавено приватно патување во ваков период тоа  можело да се координира, но напротив, се шири некој евроскептичен и натоскептичен однос.

Во понеделник доаѓа и Викторија Нуланд, помошник секретар на Стејт Департментот за Евроазија и Европа.  Нејзината посета може да се толкува и како зголемување на притисоците на меѓународната заедница во светло на комплетното отсуство на напредок.

Додека се крои судбината на државата вие заминувате на свадба, одмор или што и да е, мислам дека тоа е стратегија со цел да се понижи меѓународната заедница, вели Арсовски.

Според аналитичарот Сашо Ордановски, потегот на Груевски претставува подготовка пред тој целосно да си замине од политичката сцена.

Постапката ја оценувам како подготовка за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ за бирање ново раководство. На еден симболичен начин Груевски покажува пред странците дека се подготвува да си замине, вели Орданоски.

Од владејачката партија соопштија дека Груевски со семејството се уште престојува во Италија на покана на личен пријател, но како што дознава НОВА, целото семејство Груевски е на летен одмор во Сицилија.

Прашан дали успешноста на неговата посета на Скопје е доведена во прашање поради тоа што не успеа да се сретне со лидерот на ВМРО ДПМНЕ германскиот пратеник Јоханес Хајндл во изјавата за НОВА кусо одговори дека бил информиран дека Груевски е на приватно патување и дека одговорноста за состојбите е на политичките лидери.

-Мојата улога е посредничка, а одговорноста за состојбите е на политичките лидери и од нив зависи успешноста на процесот за надминување на кризата, изјави Хајндл за НОВА.

Груевски Сицилија Хајндл. Пржино
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.