Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември

0
By Нова ТВ on November 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, November 28, 2017 16:20

Свечена академија по повод Денот на албанското знаме – 28 Ноември се одржа денеска во скопскиот хотел „Александар Палас“ во организација на Демократската унија за интеграции (ДУИ) и под покровителство на лидерот на партијата Али Ахмети.

Зборувајќи за значењето на 28 Ноември за Албанците на Балканот, лидерот на ДУИ истакна дека овој празник и празникот на независноста на Албанија го држеле духот на нацијата. И покрај обидите за, како што рече, бришење на меморијата на Албанците на овие простори овој празник и историјата никогаш не биле заборавени.

– Промените сами ги направивме, рече Ахмети заблагодарувајќи се на поддршката што им ја дале, како што кажа, пријателите од НАТО, ЕУ и САД.

Сега одговорни за иднината, како што кажа Ахмети, сме ние Албанцитеи од нас зависи како ќе ги насочуваме работите за подобри држави, поорганизирани, понапредни со стандарди кои нас не зближуваат и не обединуваат со Европската унија и НАТО.

– Немаме пречки за напредување, рече, меѓу другото, Ахмети.

Албанскиот амбасадор во Македонија Фатос Река во своето обраќање кажа дека 28 ноември 1912 година е историски ден за албанскиот народ.

– Наша стратешка цел е да бидеме дел од Европската унија и многу блиску сме до оваа цел. Не сме сами на овој успешен пат туку заедно со сите земји од Западен Балкан кои имаат исти стрешки цели. На наша страна е и Република Македонија и за ова што го прави Македонија има целосна поддршка од Албанија, рече Река.  Додаде дека односите меѓу Македонија и Албанија се добри и без отворени прашања.

На свеченоста зборуваше и професорот по историја од Приштинскиот универзитет Нури Беџети, а присуствуваа министри во Владата од ДУИ, пратеници и други нивни функционери, градоначалници и други.

Претставници на коалициските партнери на ДУИ од Владата од македонските партии не присуствуваа на свеченоста, а според пратеникот Артан Груби тие не биле поканети. Свеченоста почна со интонирање на албанската химна.

Ден на албанското знаме ДУИ Свечена академија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.