Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок во судскиот процес „Моќник“: Никој не ми вршеше притисок да гласам, во Скопје се продаваше по 1 евро во Брод по 100 денари

0
By Соња Крамарска on May 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Знам дека бевте во кремот на ВМРО-ДПМНЕ и иако сте доаѓале во посета на Македонски Брод лично мене не само вие, никој ми нема вршено притисок како да гласам на Советот на општината, изјави сведокот Стојан Секулоски, поранешен советник во локалната власт во Македонски Брод, а сега пензионер кој како што рече пред судот прв пат во своите 74 години влегува во судница, а денеска беше сведок во судскиот процес  познат во јавноста како „Моќник“.

Овој судски предмет се однесува на продажба на имот, зграда од 157 квадратни метри, изградена во 1950 година и дворно место од 3.920 квадратни метри во село Ижиште, во сопственост на општина Македонски Брод, а го користела општина Пласница. Имотот бил продаден на таткото на пратеникот Антонио Милошоски кој уредно си го платил по цена која денеска ја потврди и сведокот, а според едногласната одлука на општината Македонски Брод изнесувала 100 денари за метар квадратен.

Сведокот Секулоски рече дека одлуката била законски изгласана, а дека пред да се случи гласањето тогашниот градоначалник Милосим Војнески ги запознал советниците со продажбата на недвижниот имот во селото Ижиште, што според сведокот не било ништо невообичаено со оглед на тоа што во тоа време општината нудела на продажба општински имот, наследен од поранешните месни заедници.

„Во Скопје се продаваше по цена од едно евро, а ние донесовме одлука да не се продава под 100 денари за метар квадратен“, рече Секулоски. Тој на прашање на обвинителот како изгледал објектот рече дека бил изграден на ниско, во времето на социјализмот бил продавница и дека општината Македонски Брод сите објекти и училишта од кои речиси 50 отсто биле во распаѓање ги продавала за да оствари некаков профит како сиромашна општина за потребите на буџетот и граѓаните. Сведокот на прашање на обвинителството, дали објектот бил во целосна сопственост на општината потврди дека е така, а тоа свое сознание рече дека го имал затоа што работел во општината и му било познато дека објектите кои во времето, како што рече, на социјализмот, целосно припаднале на општините, кои потоа имале законска можност да ги продаваат.

И училиштата и здружениот дом во Ижиште се отстапени на општините со одлука на тогашното Собрание на општината Македонски Брод, потврди сведокот Секулоски. Тој повтори дека немал никакви влијанија да гласа за цена од 100 денари по квадрат и како што рече, и да се случело тоа, не би имало успех кај него таков притисок. „Такво е времето, на никого верба да немаш, ни во едните, ни во другите, никој не мисли на државата“, и рече сведокот на судијката Ленка Давиткова.

Обвинителството, пак смета дека е нанесена штета на општина Македонски Брод и на државниот буџет, која според обвинителството, е околу 50. 000 евра, иако одлуката за продажба била едногласно донесена на седница на Совет, а купениот имот навреме платен.

Адвокатот Александар Новаковски по завршување на судското рочиште изјави дека во овој судски предмет нема ништо што може да ги загрози неговите клиенти, но дека со оглед на тоа што е отворен процес кој трае речиси една година, одбраната ќе ги испочитува законските прописи во текот на целиот судски процес, кој се очекува да биде окончан со ослободителна пресуда.

Зад одлуката за продажба на објектот кој е во распаѓање стојат 11 советници на општината Македонски Брод кои донеле едногласна одлука.

Одбраната наведува неколку сериозни пропусти во обвинението. Велат дека нема ниту опис на кривичното дело, ни време, ни дејствие на извршување, што поттикнува сомнеж дека станува збор за случај монтиран во политичка кујна, настрана што обвинителниот акт е заснован на материјали кои и самиот Закон за Јавно обвинителство ги исклучил како докази.

„Во обвинението нема ниту еден збор со кој се докажува мое учество во дејствија на извршување на кривичните дела кои ми се ставаат на товар. Обвинителот не опишал со кои дејствија наводно сум ги извршил кривичните дела „измама и злоупотреба на службената положба, на кој начин, ниту има време и место, ниту пак приложил докази за неговите тврдења, со што сторил повреда на член 321 став 1 точка 2 од Законот за кривична постапка (ЗКП). Правен апсурд во обвинението е тврдењето дека сум довел во заблуда лица (11 советници во општина Македонски Брод) со кои никогаш сум немал никаква лична, правна и деловна комуникација. При тоа овие советници, за кои се тврди дека биле во заблуда, никогаш не иницирале процедура за поништување на правните акти за кои гласале и донеле едногласна одлука“, вели Милошоски

На денешното рочиште сведочеше и Драге Јосифоски, советник во општината Македонски Брод, поранешен претседател на Советот. Тој  изјави дека во општината имало Комисија за урбанизам и тие воделе сметка за секој предмет.

„Никој не ни вршеше притисок за тоа како да гласаме, ни за овој, ни за било кој друг предмет. Антонио Милошоски прв пат во животот го видов и го запознав денес пред да влеземе на рочиштето. Ниту сум го познавал претходно, ниту некогаш сме имале било каква комуникација, ни деловна, ни приватна“, рече сведокот во својот исказ пред судот во Скопје.

Сведоците денеска во „Моќник“ беа на предлог на Обвинителството, но она што изненади во текот на судењето, е тоа што тие со своите искази ги побија тезите на Обвинителството, дека при купопродажбата на општинскиот имот во селото Ижиште, советниците ја донеле одлуката под притисок на тогашната власт, односно на пратеникот Антонио Милошоски и дека е направена штета во буџетот. Сведоците, пак, наведоа пример дека општинската каса била дури и во добивка, квадратот поскапо се продавал во општината Македонски Брод, отколку во главниот град на државата.

На судењето имаше претставник и од ОБСЕ. Обвинението за овој предмет пред две години го поднесе тогашната обвинителка на СЈО Фатиме Фетаи и беше прв предмет на Специјалното обвинителство со обвинителен акт што беше предаден на основното обвинителство. Во овој судски процес обвинети се вкупно 13 лица меѓу кои и првиот човек на некогашната Комисија за лустрација Томе Аџиев, кој беше присутен во судницата и девет нејзини членови, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување.

Стојанка Митреска

Антонио Милошоски Имот Македонски Брод судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.