Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведок во „Титаник“: Повеќе пати сум донирал средства на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on December 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советник во подрачно одделение на Министерството за финансии во Кочани, позиција на кој бил во 2011 година, беше сослушан како сведок во денешното рочиште за случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности пришто појасни како донирал средатва за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ пред осум години. На предлог на Обвинителството, денеска требаше да бидат сослушани уште неколку сведоци, но двајца беа отсутни, а еден, во интерес на време, е презакажан за наредното рочиште на 28 јануари во 2020 година. Прашан дали има донирано средства на некоја политичка партија во 2011 година, сведокот Ацо Стојанов одговори потврдно.

„Може и порано од 2008 година имам повеќе пати донирано средства на ВМРО-ДПМНЕ и тоа износи од четири, пет или осум илјади денари. Не можам да се сетам“, изјави сведокот.

Посочи дека во партијата има благајник кој ги прима донациите.

„За дадените донации некогаш добивав „каса прими“, некогаш не. Не се сеќавам дали примав“, изјави Стојанов.

Прашан дали има потпишано уплатница во ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече да, објаснувајќи дека за некои сигурно се сеќава дека ги пополнил сите полиња и се потпишал, а за некои не се сеќава.

„Овие уплатници јас лично не ги носев во банка да ги уплатам, туку ги оставав на благајникот“, изјави сведокот Стојанов.

Предметот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова. Судијата Шабани, на почетокот прочита поднесок во однос на тоа дали е поведена постапка за составот на овој судечки совет.

„Претседателот на Судот ми одговори дека се обратил до Судскиот совет. Во писмениот поднесок стои дека доколку Судскиот совет не одлучи за продолжување на мандатот молам да бидам писмено известен со цел да се отпочне, рече судијата Шабани.

Адвокатот Дончо Наков, рече дека од еден од обвинетите до претседателот на Судот и Судскиот совет е доставено барање истиот да постапи во согласност со закон.

„За јавноста да не биде дилема дека ова е начин на кој одбраната бара одложување, треба да е јасно дека кога вие како претседтаел на судечки совет сте го добиле без ваша вина составот на овој судечки совет, во тој момент исто така биле исполнети условите. Како и зошто од 150 судии поротници што ги исполнуваат условите, претседателот на Судот ги делегирал токму овие двајца е правно решено. Зборувам за факти за кои одбраната и советот не се виновни и се во насока на владеење на правото“, изјави Наков.

Судијата, одговори дека целата тема е апсорвирана и Судот не може ништо да направи по тоа прашање.

„Тука завршуваат моите законски овластувања. Не можам ништо да направам. Не можам сега да речам станете излезете зошто законот е таков“, рече судијата Шабани.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска. Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

ВМРО ДПМНЕ донации случај Титаник
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.