Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сведокот Гоце Трајковски на судењето за убиството на Вања и Панче рече дека добивал закани од партијата Десна

0
By Marija Todorovska on February 7, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 7, 2025 14:29

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на Гоце Трајковски, кој заедно со таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, помагал во потрагата по неа прибавувајќи видео снимки.

Со Александар се немав слушнато 15-20 години. Мајка ми ми напиша порака околу еден саат дека исчезната е Вања, ќерка на Саше и ми рече имаш луѓе помогни му и ми беше глупо да му се јавам ко да фаќам сеир. Потоа околу 6:30 – 7 часот пак ме побара мајка ми, ми рече да го побарам. Му напишав Саше здраво, Гоце на Кираца е синот ако ти треба помош побарај ме. Ми врати околу 10 часот ми рече во полициска станица сме со Зорица давам изјава и дека кога ќе излезат ќе ме побара, рече Трајковски.

Истиот ден, додаде, не се видовме туку зборевме само по телефон. Другиот ден, Трајковски рече дека таткото Александар го побарал да се видат. На прашање што разговарале кога се виделе Трајковски рече дека го прашувал дали Вања била заљубена, дали имала дечко…

Го прашував дали имала дечко, дали била заљубена ми рече не, го прашав да не имала некои други проблеми ми рече немала и досега немале вакви проблеми никогаш. Првпат се видовме пред зграда кај Александар од кај што е земено девојчето. Ми рече дека било исчезнато и никогаш не се случило вака да ја нема го прашав да не има дечко вика не, немала никогаш вакви проблеми и сѐ што имала сѐ ми кажувала, рече Трајковски.

Според сведокот Трајковски, патеката по која се движела Вања му ја покажал таткото Александар Ѓорчевски, кој заедно со мајката Зорица Ѓорчевска со „GPRS“ уред го следеле движењето на Вања. Трајковски заедно со таткото одел по истиот пат и барал снимки од околните објекти.

Прво што го прашав по која патека иде накај школо, ми покажа на апликација точно кај се движела вања. Отидовме одма и барав камери во сите објекти. Прво баравме од самиот влез, потоа има продавница за душеци и не известија дека камерите не работат подолго време. После тоа отидовме од влезот лево има фризерница има камери и фаќа. Газдарицата ни ги даде камерите од нејзиниот телефон и ни даде да гледаме снимки од моментот, рече Трајковски.

Сведокот додаде дека заедно ги прегледувале снимките од фризерницата во времето од 7:10 часот утрото до 7:30 часот.

Прво што видовме од фризерницата во близина на зградата на Вања, гледавме снимките од 7:10 до 7:30 часот, а Вања излегла околу 7:20 и се чудевме зошто  „GPRS“ покажува дека се движела тука, а Вања ја нема. Прашав дали каснат камерите, ми рече дека пет минути каснат. Му реков на Саше да ѝ се јави на Зорица да ја праша. Во 7:35 излегла Зорица од дома. На усб ни ги снимија снимките. Се чудевме како Вања ја нема, а поминала тука, рече Трајковски.

Додаде дека на снимките се гледа како Зорица испаничена излегува по истата улица и мобилниот го става во задниот џеб. На прашање од каде им дошла идејата за сами да ги бараат снимките Трајковски рече „полицајците биле собрани и ништо не работеле биле собрани како да играат жмурка“.

На снимките се гледа како Зорица испаничена излегува по истата улица и мобилниот го ставаше во заден џеб. Отидов одма кај пријатели од Чардак кафаната да не има по „Боемска“ отидено, потоа се јавив кај другар во ,сејв сити’ што работи да провери да не има отидено во парк да направи глупост некаква. Од ,сејв сити’ ми се јави другарот и рече дека не оди на „Илинденска“ накај Влада, ниту накај парк, ниту накај Град Скопје, рече Трајковски.

Потоа сведокот рече дека бил во менувачница во Дебар Маало, за да побара снимки, а таму веќе имало и полицајци. На снимките виделе девојче, за кое рече, 95 отсто било облечено како Вања, но мајката му кажала дека се разликува ранецот. Сведокот посочи дека Александар го повикал во станот да гледаат снимки, зошто бил уморен и му требало помош.

Од анализите на снимките и колите кои поминуваа мене ми падна чудно што сите возила возеа со 40-50 километри на час, кога помина „цитроенот“ возеше со 10 километри на час и многу димеше ауспухот и стаклата му беа замаглени. Направив скриншот од 15-те возила и 3-4 лица кои поминуваа и ги препратив сите кај другарот од ,сејв сити’, после отидов кај „Правда“ кафичот да барам други камери. Од кога му ги пратив скриншотовите ми се јави другарот од ,сејв сити’ ми вика кај ја најде колава ја бараме три дена од исчезнат велешанец. Ги препратив сите возила кои поминуваат од 7:20 до 7 :35 часот. Му реков на таткото да отиде до менувачницата, затоа што имаат добра резолуција, рече Трајковски.

На прашање како заклучиле дека Цитроенот е сомнително возило, Трајковски рече дека и според снимките кои ги прибавил таткото Александар од централата на Лукоил, се гледа како Цитроенот вози во третата лента и одеднаш закочува, се враќа риверкц и се префрла во прва и втора лента за да се измеша со другите коли.

Додаде дека сомнително му било уште едно големо комбе и пикапот „рено кангу”. Кога комбето скршнало на друга страна, во фокусот им останале „цитроенот” и „реното кангу”, бидејќи возеле во иста насока и во близина.

На прашањето дали Александар бил грижлив татко, тој посочи дека мајката Зорица му пишала дека не му се верува што и кажала полицијата за вмешаноста на таткото.

 Ми рече дека е многу грижлив татко и дека штом ќе кивнела ја носел на доктор. Пред некој ден ги носел Вања и сестра му, заедно со другарки, во трговски, и ги чекал надвор во автомобилот, рече сведокот.

Трајковски при сведочењето кажа дека имал закани од членови на партијата Десна, „да внимава што ќе зборува за да не пропадне во бунар“.

Гоце Трајковски рочиште судење Вања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.