Денеска во судот во Скопје продолжи сослушувањето на сведокот Диме Весков, во случајот „Монструм“ за убиството на четирите момнчиња кај Смилковско езеро, минатата година.
Диме Весков, кој е затвореник од Идризово, пред судот рече дека автомобилот Опел омега кој е пронајден, а кој според Јавното обвинителство се користел при ликвидацијата, е во сопственост на полициската единица „Алфа“.
Тој тврди дека полицајци го приведувала него со истата кола во 2009-тата и 2010-тата, а тој автомобилот го препознал на телевизија и им се јавил на адвокатите во „Монструм“.
Судот констатираше дека Исмаиловиќ и Демири остануваат на Косово и се уште нема екстрадиција за нив.