Седницата на која треба да се обрати каталонскиот лидер, Карлос Пучдемон е одложена за еден час. Седницата требаше да започне во 18 часот, но е одложена за 19 часот по локално време.
Пучдемон ќе се произнесе по одржувањето на референдумот за независност на Каталонија кој се одржа на 1 октомври, на кој 90 отсто од гласачите ја поддржаа независноста.
Излезноста на референдумот беше 43 отсто.
Шпанската влада го предупреди каталонскиот сепаратистички лидер Пучдемон да не прогласува еднострана независнот, затоа што тоа е незаконски.
Објектот каде што е сместен Каталонскиот парламент е под зголемени безбедносни мерки, а во околината веќе се собираат граѓани кои ја поддржуваат независноста на Каталонија.
Во Каталонскиот парламент присутни се повеќе од илјада новинари кои ја следат ситуацијата.




