На двесетгодишнината од геноцидот во Сребреница, во Меморијалниот центар во Поточари ќе бидат погребани 136 новоидентификувани жртви, меѓу кои 18 малолетници. Реки луѓе од утринава пристигнуваат да се поклонат на жртвите на геноцидот.
Во Поточари денеска се очекува да пристигнат околу 50 000 луѓе. Како што јавуваат медиумите безбедноста е највиско ниво. Се очекува да пристигнат повеќе од 80 странски државни делегации: Претседателите на Словенија, Хрвтска , Црна Гора, како и премиерите на Србија, Албанија и Турција. Шефовите на делегациите ќе остават цвеќе на постаментот, а потоа ќе одадат почит пред зидот со имињата на жртвите.
Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов ќе присуствува на главната комеморација во меморијалниот центар во Поточари, каде што ќе се обратат претседателот на организацискиот одбор „11 Јули 1995“ и градоначалник на Сребреница Ќамил Дураковиќ, како и други официјални претставници, а ќе биде претставенa изложбата „Сребреница – Поточари 1995 – 2015“
Во делегацијата на САД се поранешниот претседател Бил Клинтон и екс-државната секретарка Мeдлин Олбрајт.




