Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска банка ги одобри 90. милиони евра за земјава за справување со ковид-19

0
By Нова ТВ on May 1, 2020 ВЕСТИ
Фото: hurriyetdailynews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канцеларијата на Светска банка во Скопје соопшти дека се одобрени 90. милиони евра за поддршка на земјава во борбата со коронавирусот, за зајакнување на националниот здравствен систем и за ублажување на социјалните последици од пандемијата.

„Со Проектот за итен одговор на состојбата со ковид-19, ќе се обезбеди директна поддршка за ограничување на локалното пренесување на вирусот преку зајакнување на системите за следење на болестите и на јавните лаборатории преку набавка на дијагностички комплети, реагенси, потрошни материјали, опрема за лична заштита и обука за соодветните протоколи. Ќе биде обезбедена и поддршка за делумни реновирања за да се отворат дополнителни кревети за интензивна нега, за системите за управување и депонирање на медицинскиот отпад и за мобилизирање на дополнителни капацитети во здравствениот систем преку финансирање на платите за обучени и добро опремени здравствени работници директно вклучени во справување со кризата што не биле предвидени во државниот буџет“, велат од Светска банка.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Марко Мантованели вели дека поради економските последици од ковид-19, особено врз ранливите домаќинства, преку проектот ќе се обезбеди социјална помош за да се ублажат овие ефекти и да им се овозможи да се придржуваат на мерките за социјално дистанцирање.

„Светска банка помага луѓето да се заштитат од епидемијата и да се задоволат итните потреби на здравствениот сектор за да се намали притисокот врз здравствениот систем“, истакнува Мантованели.

Со проектот ќе се обезбедат и парични надоместоци за ранливите домаќинства погодени од економските последици на ковид-19 и обезбедување храна и основни производи за населението во карантин и за домаќинствата погодени од вирусот. Ќе се финансира и осигурувањето во случај на привремена невработеност преку обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места како резултат на кризата.

Коронавирус Македонија поддршка Светска банка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.