Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светска премиера на „Врба“ на Филмскиот фестивал во Рим

0
By Нова ТВ on October 19, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 19, 2019 18:20

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски – „Врба“ денеска ќе има светска премиера на третата вечер од 14. Филмски фестивал во Рим, со што ќе биде првиот македонски филм што ќе учествува во неговата официјална селекција, избран од уметничкиот директор Антонио Монда.

Филмот денеска имаше имаше утринска проекција за новинарите, а потоа и прес-конференција со режисерот Манчевски и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски, а вечерта е гала-премиерата на која ќе присуствува и министерот за култура Хусни Исмаили.

„Врба“ е македонско-унгарско-белгиска копродукција во која учествува и Албанија. Се снимаше лани два месеца (октомври и ноември) во Мариово, Преспа, Трескавец и во Скопје.

„Врба“ е филм за лојалност, љубов, доверба и мајчинство, кој спојува приказни за три млади мајки – едната се случува во 17 век, а другите две се современи. Приказните се надополнуваат, а во исто време се и контраст една на друга. Љубовни приказни во кои главната тема е лојалност, меѓутоа и односот на општеството кон поединецот и на поединецот кон општеството. Имаме среќен крај овојпат, рече режисерот Манчевски пред две недели на прес-конференција по повод светската премиера.

Во селекција на Римскиот фестивал годинава се влезени филмови од 25 земји.  Беше отворен завчера со најновиот филм на актерот и режисер Едвард Нортон со неговиот „Бруклин без мајка“, во кој играат Брус Вилис, Алек Болдвин и Вилем Дефо.

Продукцијата на „Врба“ – „Банана-филм“ соопшти дека  Римскиот фестивал има „челична програма“ оваа година – ќе биде прикажан новиот филм на Мартин Скорсезе, „Ирецот“, во кој играат Ал Пачино, Роберт Де Ниро, Џо Пеши и Харви Кајтел, филмот „Џуди“ со Рене Зелвегер во режија на Руперт Голд,  „Даутаун Еби“ со Џим Картер и Елизабет Мекговерн, филмот за Павароти во режија на Рон Хауард, „Хаслерс“ со Џенифер Лопез.

– На 1 300 метри квадратни поставен е најголемиот и најдолг црвен килим во светот, кој води од главната авенија до фестивалските збиднувања во аудиториумот „Парко дела Музика“ дизајниран од Ренцо Пијано, а на него ќе поминат и актерките Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Камка Тоциновски. На црвениот килим ќе продефилираат и Џон Траволта, Итан Коен, Бенисио дел Торо, а на актерите Вајола Дејвис и Бил Мареј ќе им бидат врачени награди за животно дело, наведува „Банана-филм“.

Покрај Климоска, Теодосиева и Тоциновски кои ќе присуствуваат во Рим на светската премиера, во актерската екипа на „Врба“ се и: Петар Мирчевски, Ненад Нацев, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и Никола Ристески. Директор на фотографија е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукција е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.