Бебе од Бразил родено со абнормалии предизвикани од вирусот. Фото: Гардијан
Светската здравствена организација објави дека постои сериозен сомнеж дека низата бебиња родени со мозочни оштетувања во Бразил се поврзани со вирусот Зика и поради тоа прогласија вонредна состојба.
Објавата на вонредна состојба која ја направи директорот на СЗО Маргарет Чан, ќе овозоможи пристап до средства за истражување за да се обиде да се утврди дали вирусот Зика, што се пренесува преку комарци, е одговорен за големиот број на бебињата родени со абнормално мали глави во Бразил. Таа, исто така, најави дека ќе се вложи голем напор за да се спречи бремените жени да останат инфицирани и преку контрола на комарците ќе се обидат да го спречат ширењето на вирусот.
Од октомври досега во Бразил се регистрирани над 4 илјади заболувања од вирусот зика. Чан изјави дека ова претставува „необичен настан и закана по јавното здравје и во другите делови на светот“.
Таа, сепак, ги повика државите од светот засега да се воздржат од воведување забрани за патување во Латинска Америка.




