Published: Saturday, June 13, 2015 16:47
Светската здравствена организација свика итен состанок на 16 јуни на кој ќе серазговара за актуелната појава на вирусот МЕРС (респираторен вирус) во Јужна Кореја.
Помошник генералниот директор на СЗО Кеиџи Фукуда,изјави дека епидемијата во Јужна Кореја е „голема и комплексна“, пренесува Радио Слободна Европа.
Во Јужна Кореја веќе починаа 14 лица од смртоносниот вирус, а регистрирани се нови 12 случаи на зараза. Вкупно 138 лица се заразени со МЕРС во Јужна Кореја по првиот откриен случај на 20 мај, а за вирусот не постои лек ниту вакцина




