Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светската здравствена организација ги призна лековитите својства на канабисот

0
By Нова ТВ on February 4, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 4, 2019 17:28

Светската здравствена организација минатата недела имаше историска објава и препорака до владите да го отстранат канабисот од листата на наркотични дроги.

Единствената конвенција на наркотични дроги кои се сметаат за особено опасни и без тераписка важност, признаена во 1961 година, досега го вбројуваше и канабисот. Оваа Конвенција ги поттикнуваше владите да го забрануваат производството, дистрибуцијата и употребата на дрогите кои ги содржи.

Одлуката канабисот да биде вбројан меѓу дрогите во Конвенцијата била политички мотивирана, пред се од западните земји и САД, а не врз научна база како што налагаат правилата. Во децениите кои следуваа, пациентите ширум светот открија дека канабисот е корисен за нивно лекување, но беа спречени од легален пристап до лекот, поради прохибициските закони во нивните земји.

Одлучноста на пациентите да се борат за легален пристап до медицинскиот канабис, и брзо растечкиот број на научни докази кои потврдуваат дека медицинската употреба на канабисот допринесоа од деведесетите наваму да бидат воспоставени програми за медицински канабис во нивните земји. Поборниците за медицинската употреба на канабис , пациентите и научниците постојано бараа од Светската здравствена организација да направи научно преиспитуање на канабисот и добро да ја оцени неговата терапевтска корисност, со цел да предложи негово отстранување од Единствената конценција на наркотични дроги.

Во март 2016 година, група на светски реномирани експерти за канабис предводени од организацијата „Американците за безбеден пристап“ поднесоа до Светската здравствена организација обемен документ кој ја докажува медицинската корисност на канабисот. Потоа, во ноември истата година, Светската здравствена организација се согласи да го преиспита канабисот и неговите деривати. Преиспитувањето траеше се до сега.

Ова претставува голем чекор напред за медицинската употреба за канабисот ширум светот, бидејќи владите веќе нема да може да се повикуваат на Единствената конценција на наркотични дроги, за да го забрануваат медицинскиот канабис.

Неурологот Итан Русо вели дека признанието на Светската здравствена организација дека канабисот има терапевтски својства е базирано на научна основа.

– Сега е време владите да ги елиминираат бариерите и да дозволат слободна размена со канабис – вели Русо.

Дополнително СЗО препорачува да се олесни пристапот и некои ТХЦ препарати, и препаратите кои не содржат повеќе од 0,2 отсто ТХЦ да не подлежат на интернационална контрола.

Сепак, прохибицијата на канабисот и ТХЦ за рекреациона употреба продолжува да важи.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.