Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА, болест со која според податоците на Агенцијата на ОН, во 2014-та година, се регистрирани 36,7 милиони луѓе во светот, кои претежно живеат во Африка.
Според ИзвештајотUNAIDS, од 2000 до 2014 година, заразната болест се проширила на 30 проценти во регионот на источна Европа и централна Азија, додека за 26 проценти на Блискиот исток и северниот дел на Африка.
Стапката на смртност поврзана со СИДА- та лани се намалила за 42 проценти, во споредба со 2004-та, кога е забележан и најголем број смртни случаи.
Инаку минатата година во Македонија се регистрирани нови 39 случаи на ХИВ/СИДА. Од СИДА се заболени 16 луѓе, а 23 се ХИВ позитив, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Две од лицата со ХИВ/СИДА се на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а четворица над 60 години.




