Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светски ден на физичката активност

0
By Marija Todorovska on May 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 10, 2024 09:45

 Промовирање на физичката активност и нејзината улога во одржување добра здравствена состојба, е целта на Светскиот ден на физичката активност што се одбележува денеска. Апели за редовна физичка активност по тој повод упати Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) укажувајќи на придобивките.

– Физичката активност е дефинирана како „секое телесно движење произведено од мускулно-скелетниот апарат, кое троши енергија“ и е важно за подобрување и одржување на општата здравствена состојба на секој поединец. Физичката активност е битна за многу форми на управување со болката. Повеќето упатства за акутна мускулно-скелетна болка се фокусираат на совети за зголемување на физичката активност. Најефективните третмани за постојаната мускулно-скелетна болка се однесуваат на физичката активност или онаму каде што таа е доминантна компонента – на пример, аеробни вежби, или каде што има поголема употреба на психолошки принципи. Неколку биолошки механизми може да бидат одговорни за тоа, како физичката активност може да ја намали болката, или да спречи повторување на болка. На пример, рутинската физичка активност може да го подобри составот на телото, преку намалени маснотии во пределот на стомакот и поголема контрола врз телесната тежина, појаснуваат од ИЈЗ.

Како што нагласуваат од Институтот, активниот начин на живот ги зголемува силата, флексибилноста и аеробната кондиција, учествува во намалување на системското воспаление – на пример намалување на циркулирачките воспалителни медијатори како што е Ц-реактивниот протеин.

– Може да ги подобри психолошката благосостојба – преку намалување на стрес, анксиозност и на депресија, како и квалитетот на сонот. Исто така, може да ја подобри самоефикасноста, по пат на управување на болката и зголемување на способноста за движење, додаваат од ИЈЗ.

Но, постојат и митови околу физичката активност и болката.

– Вообичаено, луѓето веруваат дека движењето е опасно кога некој има болка и треба да чекаат болката да се намали пред да се активираат. Овие митови треба да се отфрлат и да се поттикнат луѓето што побрзо да се вратат на физичката активност. За намалување на болката, ниту еден вид физичка активност не е посупериорен во однос на друг. На пример, пешачењето, возењето велосипед, јогата и така натаму, имаат слични ефекти врз нивото на болката и инвалидитетот. Клучниот фактор е придржувањето – па затоа е многу важно секој поединец да избере активност во која ужива. Секаков вид физичка активност е корисно, но, таа не е широко прифатена во нега на клиничката болка, истакнуваат од ИЈЗ.

Оттаму додаваат дека кампањата „Во движење“ (On the move), на Европската федерација за болка, има широка примена и е преведена на повеќе од 10 јазици, со цел да им укаже на луѓето, за важноста на редовната физичка активност.

Светскиот ден на физичката активнсот првпат е одбележан во 2002 година од Светската здравствена организација (СЗО), со цел да се подигне свеста за придобивките од физичката активност за севкупното здравје и да се охрабрат луѓето да усвојат поактивен начин на живот. 

ИЈЗ светски ден на физичка активност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.