Во Македонија годишно животот во сообраќајни незгоди го губат околу 160 лица, а повеќе од 6000 лица се повредени.

Според податоците на Светската здравствена организација, на светско ниво, годишно околу 1.3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се здобиваат со повреди како последица на сообраќајна незгода. Голем број од загинатите и од повредените се деца и млади.

Обединетите Нации ја прогласија декадата 2010-2020  како декада за безбедност на сообраќајот на патиштата а третата недела од месец ноември ја прогласија и  секоја година се одбележува „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

По повод „Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди“, 19 ноември,  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите надлежни институции да ја издигнат безбедноста на сообраќајот на патиштата на врвот на агендата на дејствување, но исто така, апелира до секој поединец – учесник во сообраќајот, да покаже повисоко ниво на свест, одговорност и будност во сообраќајот.